Израел не ја прифаќа одлуката на судот во Ден Хааг
10 јули 2004“Изградбата на ѕидот од страна на Израел, во окупираните палестински територии како и околку источен Ерусалим и мерките кои се поврзани со ова се спротивни на меѓународното право.”
Истакна претседавачкиот судија на меѓународниот суд во Ден Хааг. Тој додаде дека изградбата е против хуманитарното меѓународно право и Израел мора да престене, одземената земја да ја врати и погодените Палестинци да ги обештети.
Израелските мерки се јасен престап против четвртата Женевска Конвенција, која го регулира третирањето на цивилите под окупаторство. Покрај другото во значителни мерки е ограничена слободата на Палестинците. Ѕидот кој треба да биде долг 700 километри, и од кој веќе една третина е изградена, ги попречува Палестинците да одат на работа, на училиште во џамија или на поле.
По четири месечни советувања судот го изнесе својот став. Но судијата истовремено и нагласи дека во долгата историја на блиско – источниот конфликт и двете страни постојано ги повредуваат унилатералните одлуки со нелегални акции.
Судот им препорачува на Обединетите Нации - особено на генералното собрание и на Советот за безбедност
“Така наречениот „Роудмап” на Советот за безбедност особено е погоден за решавање на случајот. Тој го покажува патот за мировно решение врз основа на меѓународните права.”
Правното милсење не е пресуда и поради тоа не е обврзувачко за никого, но ваква еднозначна критика на израелските мерки со сигурност ќе има влијание врз продолжението на дипломатските напори.: Палестинците, а можеби и арапските држави со сигурност ќе барат од светската организација да се спорведат препораките од Хааг.
Само Советот за безбедност на Обединетите Нации би бил во состојба да донесе конкретни мерки, но во Советото за бебеност мора да се смета и на Вето од страна на САД. Одлуките на генералното собрани наспорти ова, особено коа станува збор за блискоисточниот конфликт, не ги надминуваат границите на декламација.
Во Израел добро се познати овие околкности.