Израел и натаму напаѓа палестински цели
28 декември 2005. Како што соопшти претставник на министерството за одбрана, нападнато било седиштето на тн. Фронт за ослободување на Палестина.
,, Рекетирањето е одговор на нападите во северен Израел, а ние таквите акти ги сметаме за сериозни“, образложи претставникот на израелското министерство за одбрана.
Полицијата во Либан потврди дека за време на ноќта биле испукани седум ракети кон израелска територија. Засега нема официјални информации за евентуални штети, иако израелски извори јавија за петмина полесно повредени лица.
Мета на нападтите бил градот Кирјат Шмона, каде што биле рекетирани електричните постројки. Очевидци потврдија дека две куќи биле во пламен , а локалното население заминало во засолништа. Експлозии, исто така биле слушнати во Шломи, мал град во западниот дел на регионот Галиле. Командантот на израелската армија во северен Израел, за државното радио изјави дека палестинските милитантни групи се одговорни за нападите во градот Кирјат Шмона, но оти тој не би бил изненаден тие да се под директна команда на Хезболах.
,, Нема да дозволиме ваквите напади да станат практика. Ваквиот одговор од наша страна треба да се сфати како предупредување “ изјави израелскиот воен претставник и ја повика Либанската влада да распореди војници на јужната граница, со цел да докаже дека ги почитува резолуциите на ОН.
Во меѓувреме, официјален Ерусалим се огласи и за нападите врзё палсетински цели во појасот Газа. ,, Израел не планира да испрати пешадиски трупи во појасот со цел да се спречат нападите од страна на Палестинците“ соопшти министерот за одбрана Шаул Мофаз. Земјата се закани дека ќе формира тампон зона во северниот дел на Гаѕа за да се спречи илигалнопто влегување на Палестинците на израелска територија, но засега проценивме дека нема токлу голема потреба за такви мерки, рече Мофаз.