Извештај за Блиски исток во Советот за безбедност на ОН
16 ноември 2004Ова не се должи само на смртта на Јасер Арафат, туку индиции за нови перспективи имаше и претходно, оценува во редовниот тримесечен извештај за Советот за безбедност на ОН специјалниот пратеник за Блискиот исток, Терје Роед Ларсен.
“Ова се без двоумење важни денови за Блискиот исток. Не тврдам дека реалноста не темна, но има и надежи и нови состојби“ - смета Терје Роед Ларсен, манифестирајќи внимателен оптимизам во поглед на натамошниот равој во регионот. Секако дека постои опасност од назадување во процесот на помирување, но видливи и знаци на надминување на крутите ставови на обете страни. Навестувања во таа насока имаше уште пред смртта на претседателот на Палестинците и тоа од израелска страна, смета Ларсен:
“Пред помалку од три недели израелскиот парламент го изгласа повлекувањето од Појасот Газа и од делови на Западниот брег. За прв пат по 1967-та се отвора патот за расформирање на израелски населби.“
За да дојде до вистинско придвижување во мировниот процес Израел би требало сега и да го спроведе ваквиот заклучок, како и да ги поддржи Палестинците. Само така може да се прекине фаталниот круг на провокации и одмзаднички реакции:
“Израел мора да се откаже од се што би ја уништило довербата, пред се изградбата нови населби. Треба да ги поддржи изборите на Палестинците, да ги подобри хуманитарните услови и да ја овозможи повторно слободата на движење за Палестинците“ - препорачува пратеникот на ОН за Блискиот исток.
Правото на Израел соодветно да се штити секако останува и понатаму, нагласи пратеникот на Кофи Анан за регионот. Но и Палестинците мораат да покажат добра волја, доколку сакаат натамошна поддршка на меѓународната заедница.
“Тие мораат за 60 дена да организираат слободни и фер избори и исто така мораат да воведат виливи, трајни и ефикасни акции за оневозможување на насилството и тероризмот“ вели Терје Роед Ларсен и додава дека меѓународниот мировен план, т.н. роуд меп сега добива нови, неочекувани шанси. ОН во примената на овој план треба да имаат голема улога. Без негово јасно раководство нема да има мир на Блискиот исток.