"Зелена недела" во Берлин: класично земјоделство или примена на генетска технологија? Можен ли е паралелизам?
16 јануари 2004Реклама
Највредното и најспецифичното од светскиот пазар на прехранбената индустрија од денеска па до 25-ти јануари може да се види во саемските хали во Берлин. Синоќа германскиот министер за заштита на потрошувачите Ренате Кинаст ја отвори таканаречената Зелена недела, на која преку 1500 излагачи од 56 земји ја претставуваат својата понуда од специјалитети типични за нивните земји, потоа прехранбени средства и земјоделски производи. Саемот, се разбира, е можност за размена на мислења меѓу претставниците на браншата и политичарите.
Класично земјоделие или примена на генетска технологија? Веќе подолго време актуелната тема доминира и на Зелената недела. Од април во Европа ќе мора да бидат означени производи кои содржат елементи променети со гентехнички зафати. Германската влада планира закон што ќе овозможи паралелизам на обата начина на производство; заштитниците на потрошувачите и' префрлаат дека попуштила пред интересите на индустријата. Ресорниот министер Ренате Кинаст укажа дека во светот се одгледуваат генетско-технички променети продукти на површини од 60 милиони хектари, а трендот е кон пораст. За да се избегне опасноста незабележано да се вовлече таквиот начин на производство, владата сака да воспостави правила за да овозможи опстанок на земјоделците што се определени за традиционалниот начин на производство. Паралелизмот на двата начина нема да функционира, не е можно ограничување на генетски манипулирани сорти на одредена земјоделска површина, возврати принц Феликс цу Левенштајн, претседател на Сојузот на производителите на еколошки прехранбени средства.
На Зелената недела се пропагира здрав начин на исхрана. Една петтина од децата или младината веќе има прекумерна тежина, процентот расте. Тоа ги оптоварува физички и психички децата, им ги намалува шансите во животот, а го оптоварува и здравствениот систем - укажа Кинаст и најави кампања за подобра исхрана и повеќе движење на младите.
На околу 100 дена пред официјалното пристапување на 10 нови членки во ЕУ, се дискутира што ќе значи тоа за аграрот, бидејќи посебно Полска има силно земјоделство. Претседателот на Сојузот на земјоделците Герд Зонлајтнер повеќе гледа шанси, отколку што стравува од преплавување на пазарот со премногу храна од тие земји: Полска, но и Чешка и Унгарија имаат извонредно силен и константен стопански пораст, растат приходите по глава на жител и побарувачката на висококвалитетни прехранбени средства, какви што веќе и досега таму пласираа германските производители, аргументира Зонлајтнер.

Реклама