Заедницата Србија и Црна Гора - реална или виртуелна држава?
4 март 2005Вчера му истече мандатот на парламентот на државната заедница Србија и Црна Гора, тивко и без некој посебно да се подзамисли поради тоа. Анализата на правните и политичките последици не можеше да испадне поразлична: за некои домашни експерти со крајот на мандатот на парламентот и’ дојде крај и на сојузната влада, но и парламентот, како и владата едноставно сакаат да продолжат и понатаму да дејствуваат. Тие ги „омекнуваат“ критичарите на ваквото кршење на уставот со тврдењето дека и без тоа нема да се донесуваат решенија кои би имале какво и да е значење; конечно, не може едноставно и бесповратно да исчезне една држава.
Ширум светот секако единствената уставна ситуација за многумина набљудувачи е уште еден доказ дека државата-наследничка на распаднатата Југославија, формирана пред две години под притисок од ЕУ, од самиот почеток не го интересираше никого во неа. Сета власт ионака отсекогаш беше во двете поединечни републики. Сојузниот парлемент ретко се состануваше, а и кога донесуваше неважни решенија никој не се грижеше за нив. Одамна веќе никој не го слуша сојузниот претседател, никогаш не предизвикаа возбуда постојаните кршења на уставот од страна на дневната политика.
Сосем е нејасно што ќе се случува понатаму со оваа вештачка држава без грб, знаме, национална химна, а со две платежни средства, два економски система, силно контролирана внатрешна граница и различни надворешни политики. ЕУ сака „своето бебе“ да го одржи во живот уште најмалку една година, пред Црна Горада спроведе референдум за независност. Таа побргу би се откажала од пристапување кон ЕУ, отколку од својот суверенитет. Србија, пак, сака по секоја цена да ја одржи државната заедница и повторно во нејзини рамки да ја врати отцепената покраина Косово. Тамошните Албанци по никоја цена не сакаат веќе да се вратат под влијание на Белград. Во ваков фон Србија и Црна Гора побргу се покажува како виртуелна, отколку како реална држава.