Заев: Блокадата е горчлива
21 ноември 2020Секакво доведување во прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за АФП, додавајќи: „Тоа е прашање на самоопределување“, што е во срцето на европскиот проект. „Тука е апсурдноста на целиот проблем“, нагласува Заев.
Повеќе:
Пендаровски: Бугарија нема излезено од матрицата на „живковизмот“
Димитров за „Стандард“: Тешко е да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас
Интервју Дубравка Стојановиќ: Балканот е во колективен страв од растење
Шрамајер: Скопје не може да ги исполни бугарските барања
„Покажавме колку веруваме во европските вредности. И сега, кога Европа треба да ги покаже европските вредности, тие не беа таму“,заклучува македонскиот премиер.
Тој во интервјуто за АФП вели и дека верува оти ваквите работи се првенствено работа „за историчарите“: „Создаден е голем гнев од обете страни, меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата“, оценува Заев, кој сепак верува дека е можен чекор напред: „Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ“, изјави македонскиот премиер во интервјуто за Франс прес.