Ердоган во посета на турскиот кварт во Берлин
10 јануари 2004Реклама
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој учествува на меѓународниот собир посветен на иднината на Европа во организација на фондацијата Бертелсман,вчера го посети турскиот кварт во Берлин. Посетата важи за посебен куриозитет зашто досега за претставниците на турската влада поради пред се безбедносни причини овој кварт беше табу.Негов домаќин беше претседателот на Европската академија во Берлин Јерг Петер Клајн.
Турскиот премиер учествуваше на политичкиот доручек,на кој беа поканети 120 претставнции од политиката,културата и стопанството од Германија,но и од Турција.
Местото на доручекот има симболична вредност,зашто на германската јавност треба да и стави јасно на знаење дека соживотот меѓу Германците и Турците е за пример.Интересот на медиумите беше преголем,новинарите не ги собираше во просторијата. -Ги молам турските камермани малку да се повлечат,повикуваше организаторот.
И покрај тесниот простор расположението беше одлично.Ердоган беше очигледно задоволен од срдечниот прием.
Во неговиот говор гостинот од Турција прво се зафати со приемот на неговата земја во ЕУ.Тој го повтори својот став-Турција направи големи исчекори и сега се надева на преговори со Брисел,на крајот на годината.Ердоган подвлече-сакаме да припаѓаме на европското семејство,додавајќи-приемот на Турција и за ЕУ ќе биде голем напредок,а не товар со оглед на заедничките еконосмки и политички интереси.
Турскиот премиер ја начна и омилената тема-борбата на цивилизациите.За интеграцијата на Турците во Германија не зборуваше.На темата шамија тој се наврати само преку одговорот на прашањето од претседателката на одборот на Бундестагот за внатрешна политика од СПД Корнелија Зонтаг Волгаст:
-Со или без покривка на главата,ние еден со друг треб ада се гледаме со љубов.Не смееме да ги цениме луѓето врз основа на нивниот надворешен изглед,рече Ердоган. Поранешниот европски амбасадор Дитрих фон Куе ,кој издејствува царинска унија со Турција,доби пофалби од Ердоган:
-Вашиот ангажман на патот кон царинска унија не го забораваме до денес.
Посетата на Ердоган на квартот Кројцберг населен со население од турско потекло наиде на поделено ехо.Берлинскиот пратеник од ПДС Гијазетин Сајан се изрази критички:
-За проблемот со интеграцијата Ердоган ништо не рече.При доручек во Кројцберг требаше да зборува и за проблемите на Турците во овој град. Овој човек мисли:
-Овие средби многу носат.Во секој случај посакував да биде земена на одговорност првата гарнитура по прашањето на интеграцијата.
И кратката анализа на учесниците покажува амбивалентност:
-Зошто средбата беше одржана во Кројцберг,не е јасно.Посетата повеќе наликуваше на непланирана прес конференција.Но сметам дека пораката на сметка на ЕУ беше позитивна.
Иницијаторите на политичкиот доручек можат да бидат задоволни-тоа беше добар потег и покрај малата демонстрација на една леворадикална турска организација.

Реклама