Една од најтешките природни катастрофи во историјата на САД
1 септември 2005
„ Најважната работа е да се обидеме да им помогнеме на луѓето да се вратат на нормалниот живот . Тое меѓутоа нема да биде нешто , што ќе биде направено оваа недела , па дури ни наредниот месеци а можеби ниту наредната година“.
Ова мрачно предвидување на гувернерот на американската држава Мисиспи Хали Барбур најдобро ги отсликува димензиите на катастрофата кои зад себе ги остави Катрина .
Властите во Мисисипи и Луизијана сметаат дека во налетот на Катрина која со ветришта од преку 200 километри на час на почетокот и поројни дождови протатне на американското крајбрежје во мексиканскиот Залив на почетокот од неделава, загинале неколку стотици лица. Конечната бројка може да достигне и илјадници со оглед дека сеуште трае потрагата по преживеаните и по жртвите во голем број целосно уништени места во овие две држави .
„Се соочуваме со една од најтешките природни катастрофи во историјата на нашата држава“- изјави американскиот претседател Џорџ Буш кој го прекина својот годишен одмор во Тексас со цел да ги надгледува напорите за итно пружање помош и санација на штетите во погодените региони.
Тој прогнозираше дека за целосно опоравување од катастрофаата ќе биде потребно долго време , најверојатно неколку години .
Во меѓувреме малку светлина во трагичните извештаи од теренот донесе веста дека во главниот град на Луизијана кој речиси целосно беше потопен по налето на ураганот , повеќе не се искажува нивото на водата.
Катрина ги урна бариерите на крајбрежјето на ЊуОрлеанс кои го заштитуваат од поплави градот кој се наоѓа под морското ниво .
Во полавениот Њу Орлеанс но и во останатите тешко погодени места во регионот во меѓувреме трае масовна операција за евакуација на луѓето кои во своите куќи го дочекаа беснеењето на Катрина .
Главнаиот пункт на евакуација во Њу Орлеанс е централниот гратски стадион Супердом но и таму поради големиот број луѓе ситуацијата стана драматична , па во таа насока властите побараа од останатите аммерикански држави да им понудат привремени сместувалишта на дел од настраданите
„ бараме места за да ги евакуираме останатите луѓе , кои се најдоа во Супердом. Ситуацијатаа воопшто не е пријатна’ – изјави гувернерот на Луизијана Кејтлин Бланко , која наредни сеопфатна евакуација на Њу Орлеанс .
Во меѓувреме во градот покрај со спасувачките напори припадниците на американската национална гарда се справуваат со луѓето кои ги ограбуваат продавниците . Многумина од нив велат дека тоа го прават исклучиво за набавување на основните животни намирници , пред се вода за пиење со оглед дека снабдувањето со вода во градот е целосно прекинато.