Европската каса блокирана за Бугарија
24 јули 2008Бадише нојсте нахрихтен пишува „Сегашниот предупредувачки истрел е важен, но не и доволен. Имено се додека заедницата мора да смета на тоа дека парите од џеповите на европските даночни обврзници стигаат до рацете на криминалците, не смее да има ниту една единствена парична трансакција од ЕУ за Софија“ бара Бадише нојсте нахрихтен од Карлсруе
На истата тема Ханделсблат од Диселдорф пишува „ЕУ не само што има право, туку има и обврска со помош на санкции да врши притисок. Тоа е и дел од нејзината одговорност кон останатите кандидати за влез во ЕУ од Хрватска па се’ до Турција, кои не смеат да страдаат, и лошо менаџираниот пристап на Бугарија и Романија да ја им одземе поддршката за нив. Конечно милиони Бугари, кои патат поради организираниот криминал, очекуваат ЕУ да стави крај на тоа. Истото впрочем важи и за Романија, којашто вчера полесно мина.“
Ди Рајнландфалц од Лудвигсхафен заклучува „Во основа ЕУ сега се обидува да ја ограничи штетата што самата си ја приреди, со тоа што ги прифати двете земји, иако беше јасно дека не се зрели за прием. Со тоа предизвиканата штета не е само од финансика природа. Довербата на европските граѓани во политиката на проширување на заедницата и натаму ќе опаѓа со оглед на очигледните неправилности во двете нови држави на ЕУ.“ предвидува весникот Ди Рајнландфалц.
Мерките кои ЕУ ги презема против Бугарија и Романија денеска ги коментира и виенски Дер Стндард „Блокадата на околу 500 милиони евра за помош, доаѓа како сопирачка во случај на опасност, само што овојпат таа е повлечена откако се случи несреќата. Имено таа се случи со самиот пристап во ЕУ, а клучната грешка при возењето беше што на Бугарија и Романија уште во текот на преговорите им се одреди фиксен датум за пристап. Слично како кај ученик во средно училиште, кому уште пред матурскиот испит му се гарантира датумот на полагање на матурата, во Софија и Букурешт во миг замре подготвеноста за реформи и напредок. Штетата не е огрмона само за двете земји. Имено милионите што се губат во мафиозните структури се добредојдена муниција за оние кои ја готват својата отровна популистичка супичка.“ пишува виенски Дер Стандард.