Дипломатска акција на Израел
29 октомври 2005Израел сега има намера да побара меѓународна осуда на ставовите на Техеран и да го насочи вниманието кон иранската атомска програма.
„Цел на нашите активности е изолација на Иран. Се наоѓаме пред решението на агенцијата за атомска енергија што треба да биде донесено на 24 ноември. Тоа е решавачка седница. Затоа решивме да започнеме широка политичка акција. Јас лично им упатив писма на сите мои колеги и ги повикав на овој ирански режим да му се стави крај„, вели израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом. Светот не смее да остане пасивен, вели министерот и затоа бара вонредна седница на Советот за безбедност. Претходно Израел официјално побара исклучување на Иран од Обединетите нации. Според Израел, сега е сосема јасно која е целта на иранската атомска програма. Министерот Шалом вели дека Иран по половина година ќе располага со потребната технологија за изградба на атомска бомба со која сака да го нападне Израел. Затоа меѓународната заедница мора да биде единствена и да го спречи Техеран во таквата намера.Освен тоа, змејата развива ракети со кои ќе може да до допре до сите европски главни градови. И за палестинското раководството изјавите на иранскиот претседател се се друго само не солидарност. Палестинскиот посредник Саеб Ерекат за ББЦ изјзави дека зборовите на Ахмадинеџад се неприфатливи:
„Сметам дека претседателот Ахмадинеџад треба да се концентрира на тоа на мапата да се појави држава Палестина, а не да го зибрише Израел. Се надевам дека Иран ќе разбере оти се наоѓаме во мировен процес, дека сме го признале правото на постоење на Израел и дека сега предизвикот за него и за другите нации е Палестина да се најде на мапата, а не од неа да се избришат други нации„.
Додека официјален Израел реагира решително, јавноста изјавите ги прими спокојно. Таа е навикната на анти-израелската пропаганда од Иран и малку кој Израелец се чувствува загрозено од страна на Техеран.