Демонстрации во Израел
20 јули 2005Со мегафон во рацете денсо -ориентирани Изралеци во вторникот им се обратија на насобраните демонстранти во Кфар Маимон, зворувајќи за моменталната ситуација.
Во Кфар Маимон кампуваат уште околу 7.000 демонстранти – дел од 20.000 присутни протестанти на говорот. Еден демонстрант им говореше на официритие:
„Шарон пред два месеци вети: Војник кој има проблеми со совеста, нема да биде казнет. Сите ние знаеме, дека нашата држава е раководена од семејство на корумпирани лица. Немојте од вас да чините соучесници во злосторството. Војници ние ве сакаме! Ние сме војници како вие! Ве проколнуваме: немојте да се однесувате како овци! Мислете на тоа, немојте да заборавите. И вие ќе бидете виновни.“
Веќе со месеци војниците и полицајците се подготвуваат на овој начин на психолошко водење војна. Советот на обучувачите: Немојте ништо да прифаќате лично.
Министерот за внатрешни работи Гидеон Езра пак истакна дека во никој случај нема да се дозволи, демонстрантите да се пробијат до наслениот блок Гуш Катиф. Веќе една недела контролното место Кис – суфим е отворено само за жителите на Гуш Катиф. Но вака одлучни се и демонстрантите. Ади Минтц од советот на доселениците Јеша:
„Нема да си заминеме од тука, ќе ја продолжиме оваа борба. Ова е јасна и важна борба. Ќе маршираме кон Кис – суфим. Сеуште не е донесена одлука кога ќе престанеме. “
Од вторникот полицијата се наоѓа во највисок степен на готовност. 20.000 полицајци и војници се стационирани на југот на Израел. Под сите околности тие треба да спречат демонстрантите од Кфар Маимон да стигнат во Гуш Катиф.
Вице премиерот Ехуд Олмерт демонстрантите ги критикуваше дека се неодговорни. Во радио интервју Олмерт потсети дека местото каде се стационирани протестантите во последните недели и месеци честопати беше ракетирано од милитантните Палестинци.
„Тоа не е област која е безбедна. Што ќе се случи ако меѓу демонстрантите падне граната! Постои и можноста нешто да се случи во центарот или на северот на земјата, па ќе биде потребен ангажман на безбедносните сили.“
Водачите на движењето на доселениците се надеваат дека со повеќе илјади демонстранти ќе можат да го преплават доселеничкиот блок и со тоа да го спречат повлекувањето на населбата. Но на почетокот на демонстрациите во понеделникот наместо очекуваните 100.000 демонстренити дојдоа само околу 20.000. Бидејќи демонстрациите изминатиов викенд беа прогласени за илегални, полицијата успешно го спречи доаѓањето на голем број учесници.