Двоен самоубиствен напад во Израел
31 август 2004Овие напади беа извршени од бомбаши самоубијци , кои речиси истовремено влегоа во автобусите за јавен сообраќај и неколку минути подоцна го активираа експлозивот- соопшти полицијата во Бершеба еден час по нападите додавајќи дека во билансот на загинати покрај 12 цивили се наоѓаат и двајцата бомбаши самоубијци.
Еден од автобусите бил целосно уништен додека експлозијата во вториот била со помал интензитет и само за кратко го опожарила автобусот.
10 од вкупно 80-те повредени се наоѓаат во критична состојба .
Радикалното палестинско движење Хамас во меѓувреме ја презеде одговорноста за нападот , истакнувајќи дека тој преставува одговор за израелските атентати врз двајцата врховни лидери на организацијата Шеикот Ахмед Јасин и потоа Абдел Азис Ал рантиси порано годинава .
“Ние мораме да се бориме против теророт: Тоа е она што всушност и го прави мојата влада . Борбата против теророт ќе се одбвива со најголем интензитет” – изјави веднаш по нападот во Бершеба , израелскиот премиер Ариел Шарон .
Инаку палестинските милитанти последен пат извршиле самоубиствени напади врз израелски цели во средината на март годинава . Инаку од почетокот на палестинското востание против Израел пред речиси 4 години палестинските бомбаши самоубијци убиле повеќе од 400 лица.