Дали на Црна Гора и‘ претстои „санадеризација“?
26 ноември 2011Дали на Црна Гора и‘ се заканува „санадеризација“, е едно од најчестите прашања во земјата која се надева на 9-ти декември да добие датум за пристапни преговори со ЕУ. Со приближувањето на одлуката на Советот на ЕУ, во Подгорица расте политичката температура. Се чини дека се намалува надежта за објавување на датумот за преговори, иако од страна на Берлин официјално е најавено условно давање „зелено светло“. Но, кон таквата одлука се многу скептични Холандија и Шведска, а што е уште поважно, и Франција. Париз имено предлага датумот да бидее одреден кон средината на идната година, а дотогаш Црна Гора да покаже поголема подготвеност во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Жртви и систем
Токму тој проблем, покрај неефикасното правосудство и неслободата на медиумите остануваат „Ахилова петица“ на денешна Црна Гора. Тоа што ЕУ постојано го бара од црногорските власти-обвинителни акти и пресуди против високопозиционирани функционери, никако да се оствари.
„Никого нема да го принесуваме како жртва“, одговори на овие барања бившиот црногорски премиер и лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ.
Аналитичарите во Подгорица сметаат дека со овој став Ѓукановиќ се обидува да го заштити системот кој самиот го создаде во минатите две децении, а кој се потпира на монополи, корупција и контрола на сите сфери во општеството и економијата.
Процес и нервоза
„Со брзото прикличување кон ЕУ сето тоа се урива. Ако Црна ГОра навистина сака отворање на преговорите, сигурно дека и овде ќе биде неминовен процес како оној во Хрватска, зашто врвот на владејачката партија е вмешан во бројни корупциски зделки. Затоа не чуди нервозата на Ѓукановиќ и неговите закани упатени на оние кои предупредуваат дека и овде ќе се случи хрватско сценарио“, вели извршната директорка на независниот неделник „Монитор“, Милка Тадиќ-Мијовиќ.
Ѓукановиќ, имено, изјави дек приказната за „санадеризација“ ја плаисраат „политичките глувци на кои им е пред се‘ потребна дератизација“.
Видик и „санадери“
И актуелниот црногорски премиер Игор Лукшиќ, кој е и претседател на партијата на Ѓукановиќ, смета дека нема опасност од повтпрување на хрватското сценарио во Црна Гора.
„ Мислам дека ситуацијата во Црна Гора е драстично поинаква од онаа во Хрватска. Суштинско е што ДПС прежиева благодарејќи на можноста да согледува подобро од своите конкуренти“, додава Лукшиќ.
Пред Црна Гора е интересен период. Сигурно е само едно, како што се шегуваат некои-Црна Гора во борбата против корупцијата и криминалот има -нула „санадери“ (мерна единица на Западен Балкан во борбата против корупцијата и организираниот криминал).
Автор: Мустафа Цанка/ Ж.Ацеска
Редактор: Симе Недевски