Грција и еврозоната, сепак, поблиску до решение
18 февруари 2015Без договор за натамошна финансиска помош, ниту договор за продолжување на реформите. Ништо. Шефот на еврогрупата Дајселблум, сепак, сака и натаму да преговара. Министерот за финансии и понуди на грчката влада продолжување на актуелната програма за помош.
„Се надевам дека ќе побараат продолжување на програмата. Откако ќе го сторат тоа ќе овозможиме флексибилност во рамките на програмата. Тие можат да ги вметнат своите политички приоритети. Се разбира дека ќе следиме дали програмата ќе се почитува“, вели Јерон Дајселблум.
погледнете го видеото на оваа тема:
Целта: повеќе време кое ќе овозможи да се преговара за промена на постојните договори. Но, тоа за Атина во моментов воопшто и не е во прашање. Но од таму, нема ниту конкретни предлози.
„Следниот чекор е одговорниот чекор. Европа ќе продолжи да преговара за да ги зголеми шансите за добар исход за сите Европјани, не само за Грците, за Холанѓаните или за Германците. Во Европа знаеме како да го постигнеме најдоброто решение и покрај почетните разлики во мислењата“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Земјите од еврозоната и дадоа рок на Грција до крајот на неделава. Партијата покер продолжува натаму.
.