Грците си ги чуваат парите под душек
25 февруари 2015Во автоматите и банките се‘ уште има пари. Но луѓето се нервозни. Како што се проценува, само минатата недела биле подигнати 10 милијарди евра. Многу Грци, ако воопшто имаат заштеда, повеќе сакаат да си ги чуваат парите дома. Штедачите, кои малите заштеди ги чуваат под душек, имаат малку разбирање за богатите кои ги изнесуваат своите пари во странство. Еве дел од оценките на граѓаните:
„Она што го направија не е во ред. Живеат во Грција и тука треба и да ги остават своите пари. Богатите се‘ однесоа во странство, а на ситните штедачи им се замачкуваат очите.“
„Тие в глава го имаат само својот интерес. Тоа го осудувам.“
„Оној кој ги изнесува парите во странство не е патриот, тој не си ја сака земјата.“
Луѓето сакаат повторно сигурност и јасно ДА од Европа за реформските предлози на Ципрас. Со согласноста во еврогрупата е надмината првата пречка. Психолошки тоа е важен чекор. Но владата внатрешнополитички е под притисок да дејствува брзо.
Погледајте го видеото на оваа тема:
Екоонмскиот советник Теодорос Параскевопулос оценува:
„Таа мора многу брзо и ефикасно да успее во борбата против хуманитарната криза, за луѓето да видат дека нешто во нивното секојдневие се менува. Пред се‘ треба да се успее во подобрување на ефикасноста на јавната управа. Тоа е најтешкиот дел.“
Кога Грција ќе добие дефинитивно зелено светло за наредните кредити за помош и време за реформите, тогаш кај штедачите би можела повторно да се врати довербата во банките.