Кога чекањето прераснува во гнев
1 декември 2015
Околу 300 мигранти на кои не им е дозволен влез во Македонија денеска повторно протестираа на грчко-македонската граница, кај Гевгелија. За време на протестот кој траел 45 минути, над десетина економски мигранти, главно од Иран, се качиле на оградата и ги повикувале другите да се придружат на протестот.
Голем број мигранти дошле до оградата од грчката страна, а во првите редови биле ставени деца. Со себе носеле транспаренти на коишто пишувало „Ние не сме
терористи, сакаме мир“, „Фала на помошта“. Извикувале „Полиција, ве молиме, отворете ги границите, станува студено“ и „Ве молиме помогнете. Не сме животни“.
Потоа се повлекле на пограничната територија на Грција. Македонските безбедносни сили, пак, фатиле голема група мигранти кои некако успеале да ја заобиколат жичаната ограда и ги вратиле во Грција.